ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/95 стр. 8
  • Повторни посети со одредена цел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повторни посети со одредена цел
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Повторните посети водат до библиски студии
    Нашата служба за Царството 2003
  • Поттикнувај го растот преку осмислени повторни посети
    Нашата служба за Царството 1994
  • Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија
    Нашата служба за Царството 1995
  • Собери храброст да правиш повторни посети
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 10/95 стр. 8

Повторни посети со одредена цел

1 Кога правиш повторни посети, потруди се да употребиш некој стих кој ќе го надополни спознанието што лицето го има за библиската тема за која сте дискутирале претходниот пат.

2 Една од целите што ги имаме кога правиме повторни посети онаму каде што сме оставиле списанија, е да утврдиме рута со списанија. Може да биде делотворна некоја едноставна презентација како што е оваа:

◼ „Се надевам дека Ви се допадна статијата од Стражарска кула што Ви ја оставив минатиот пат, која објаснува зошто треба да се плашиме од Бог. Денес сакам да се осврнам на една статија од списанието Разбудете се! [истакни некоја соодветна статија] за која верувам дека ќе уживате додека ја читате. Ве молам, земете го ова списание и охрабрете се од цврстата надеж што ја нуди Божјата Реч“. Потоа објасни дека ќе навратиш за да ги донесеш следните броеви и дека можеби ќе дискутирате за она што Бог ветил дека ќе го стори за послушното човештво. Запомни дека секој пат кога ќе оставиш списание, можеш да известиш повторна посета.

3 Ако си го оставил списанието со статијата „Свет без војни — Кога?“, би можел да речеш:

◼ „Каков би бил животот на оваа Земја доколку повеќе не би имало војни? [Дозволи одговор.] Дозволете да Ви покажам што ќе стори Бог според ветувањето што го дал“. Прочитај Псалм 36:10, 11 и опиши како ќе биде кога Божјата волја ќе се извршува овде на Земјава. Потсети го лицето за што ги поучил Исус своите ученици да се молат, како што е запишано во Матеј 6:9, 10. Помогни му да размислува за значењето на Исусовите зборови. Ако постои вистински интерес, би можел да понудиш претплата на Стражарска кула и да се договориш да дојдеш повторно за понатамошна дискусија.

4 Важна цел во нашата служба е да се започнат библиски студии. Можеби си направил неколку посети кај некој кој ги зел списанијата. Кога ќе навратиш следниот пат, обиди се со овој пристап:

◼ „Луѓето имаат толку многу различни претстави за религијата и за нејзината вредност во современиот живот. Постојат противречни верувања во врска со тоа зошто Бог го допушта злото или зошто старееме и умираме. Некои луѓе би сакале да знаат како да се молат за да бидат сослушани од Бог“. Отвори една од нашите публикации за проучување на Библијата, избери некоја тема за која сметаш дека ќе го заинтересира домаќинот и накратко покажи му на кој начин се води студија.

5 Јехова е Бог кој има цели. Затоа, да го имитираме во текот на октомври, правејќи повторни посети со одредена цел.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели