ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/10 стр. 25-28
  • Внимавај на твоето чувство на итност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Внимавај на твоето чувство на итност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Специфични периоди на итност
  • Итноста во времето на раните христијани
  • Дали ваквата итност била погрешно применета?
  • Понатамошно поттикнување на итност
  • Позитивниот ефект на итноста
  • Немој да го изгубиш чувството на итност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како да задржиме чувство на итност додека проповедаме
    Нашата служба за Царството 2014
  • „Близу е големиот ден на Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ревносно служи му на вистинскиот Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/10 стр. 25-28

Внимавај на твоето чувство на итност

КОЈ е еден сигурен начин, што Бог го одобрува, да се продолжи да му се служи на Јехова со цела душа? Тоа е да се има вистинско чувство за итност длабоко во нашите срца. Да му се служи на Бог со цела душа значи да му се служи со сето наше битие, а тоа подразбира ревносна, безусловна послушност во сѐ што тој бара од нас.

Пророкот Мојсеј ја нагласил оваа потреба кога ја поучил нацијата Израел: „Сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!“ (5. Мојсеева 6:5). Со векови подоцна истата таа заповед била повторена од страна на Христос Исус: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум“ (Матеј 22:37). Апостол Павле алудирал на истото ова барање кога им рекол на Ефесјаните да ја извршуваат „волјата Божја од срце“, а исто така и кога ги поттикнал Колосјаните: „Сѐ, што правите, правете го од душата, како за Господа, а не за луѓе“ (Ефесјаните 6:6; Колосјаните 3:23).

Меѓутоа, тешко е нашето срце и душа да ги ставиме во службата на Бог ако немаме чувство на итност длабоко во самите нас или ако чувството на итност, кое некогаш сме го имале, отапело — можеби потполно исчезнало. Денес, живееме во време на итност кое не може да се спореди со ниту еден друг период од човечката историја.

Специфични периоди на итност

Во претхристијанските времиња имало неколку периоди на итност. Ноевите денови, како и периодот кој му претходел на уништувањето на Содом и Гомор, сигурно биле времиња на вистинска итност (2. Петрово 2:5, 6; Јуда 7). Претпотопните години, несомнено, биле исполнети со итна дејност. Иако Ное и неговото семејство не знаеле точно кога ќе започне потопот, нивниот „божествен страв“ ги осигурувал да не оддолжуваат (Евреите 11:7, НС).

Слично на тоа, пред уништувањето на Содом и Гомор, ангелите ‚навалувале на Лот да побрза‘ и му рекле: „Спаси ја душата своја“ (1. Мојсеева 19:15, 17). Да, исто и во таа прилика, итноста ги спасила праведните животи. Со векови подоцна, еврејските заробеници во Вавилон биле поттикнувани: „Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова“ (Исаија 52:11). Во 537 пр. н. е., околу 200.000 заточеници побрзале да излезат од Вавилон во знак на послушност на таа итна пророчка заповед.

Чувството на итност, во секоја од тие ситуации, имало за резултат служба со цела душа од страна на оние кои чувствувале дека живеат во времиња на итност и ја задржале жива нивната увереност.

Итноста во времето на раните христијани

Ехото на итноста може да се наслушне и низ целите Христијански грчки списи. „Внимавајте“, „бидете будни“, ‚бидете готови‘ — сите овие се изрази кои ги користел Христос Исус за да го всади во своите следбеници исправното чувство на итност (Матеј 24:42-44; Марко 13:32-37). Освен тоа, неговите споредби во врска со десетте девојки, лошиот слуга, талантите и одделувањето на овците од козите – сите тие подбудуваат на исчекување и создаваат чувство на итност (Матеј 25:1, 14, 15, 32, 33).

Исус не само што зборувал за итноста туку и ја поткрепил реалноста на своите зборови со тоа што делувал со итност. Во една прилика кога мноштвото се обидело да го задржи, тој им рекол: „И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен“ (Лука 4:42, 43). Потоа, ги охрабрил своите ученици да го молат Господарот на жетвата да испрати повеќе работници бидејќи „жетвата е голема, а работници малку“ (Матеј 9:37, 38). Ваквото молбено барање до Бог изразува дух на итност.

Дали ваквата итност била погрешно применета?

Некој може логички да праша: Зошто уште тогаш било потребно чувство на итност ако проречената „голема неволја“ требало да дојде со векови подоцна? (Матеј 24:21).

Можеме да бидеме сигурни дека Исус не употребил некаква измама за да ги задржи своите следбеници вработени во делото на проповедање и поучување. Не, туку Христовата љубов кон своите ученици, како и неговото совршено разбирање на Јеховиното гледиште за времето, било темелот за неговиот совет во врска со итноста. Да, Христос Исус знаел дека бил потребен дух на итност за да ја изврши Јеховината волја според Божјата намера. Освен тоа, тој знаел дека и самите негови ученици ќе извлечат духовна корист ако го задржат чувството на итност до неговото враќање.

Исус Христос јасно покажал дека ширум светот треба да се изврши едно дело на сведочење и тоа во ограничено време (Матеј 24:14; Марко 13:10). Напредните етапи од оваа задача се откриле дури откако делото се проширило. Но, била потребна итност за да се исполни секој чекор. Исус укажал на напредокот во извршувањето на оваа задача, кога рекол: „Ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата“ (Дела 1:8). И така, таа задача се извршува сѐ до денешно време. Со текот на времето, тоа подразбирало и извесни изненадувања за Божјите слуги, наложувајќи понекогаш исправки во разбирањето.

Христијанското чувство на итност ѝ служело на Јеховината намера. Тоа им помогнало на Христовите ученици да напредуваат во нивната задача според Јеховиниот непогрешен временски распоред. И така, осврнувајќи се наназад, пред скоро 2.000 години, ние денес го сфаќаме тој божествен временски распоред многу попотполно.

Христијанската итност им помогнала на учениците да дадат едно темелно сведоштво во Ерусалим, Јудеја, Самарија и до раштрканите Евреи, пред 36 н. е. кога посебната благонаклоност спрема Израел дошла при својот крај (Даниил 9:27; Дела 2:46, 47). Слично на тоа, христијанската итност му помогнала на раното собрание во давањето на јасно предупредување до сите Евреи дека нивниот систем набргу ќе заврши (Лука 19:43, 44; Колосјаните 1:5, 6, 23). А откако неочекувано „завршил“ во 70 н. е., итноста им помогнала на Христовите сведоци од првиот век, да ја проповедаат небесната надеж на многумина пред проречениот отпад да ја рашири својата морбидна духовна темнина (2. Солунјаните 2:3; 2. Тимотеј 4:2). Потоа, низ столетијата на средниот век, малкумината христијани слични на жито, ја сочувале жива надежта на Царството, како што и претскажал Христос Исус (Матеј 13:28-30). Конечно, во свое одредено време, Јехова подигнал едно енергично, современо собрание, поттикнувано од неговата итна порака за судење на оние кои живеат во оваа завршна генерација (Матеј 24:34).

Како Даниил од старо време, така и Божјите верни Сведоци од денешно време никогаш нема да се осмелат да се посомневаат во Јехова, велејќи: „Што направи Ти?“ (Даниил 4:32). Тие имаат доверба дека Јехова знае точно што е неопходно за да ја заврши својата работа токму според временскиот распоред. Така, наместо да се сомневаат во Јеховиниот начин на уредување на работите, тие се радосни што Бог им ја дал можноста да работат заедно со него во ова значајно време (1. Коринтјаните 3:9).

Понатамошно поттикнување на итност

Една друга причина за итност е нашата неспособност да го откриеме точниот ден и час на ненадејното избувнување на големата неволја. Христос Исус бил сигурен дека никој на Земјата не го знае однапред одредениот ден и час за почетокот на тој решавачки настан (Матеј 24:36). Во една друга прилика, тој им рекол на своите нестрпливи апостоли: „Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт“ (Дела 1:7). Да, исходот е јасен, но едноставно не треба да ги знаеме сите детали.

Апостол Павле го имал исправниот став на итност. Тој веројатно ги имал на ум Исусовите мисли кога им напишал на солуњаните во врска со Христовата присутност: „А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува“ (1. Солунјаните 5:1). Тој го напишал ова писмо околу 17 години по Исусовата изјава: „Ќе Ми бидете сведоци . . . до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Во тоа време не можело да се напише ништо повеќе бидејќи ништо повеќе и не било откриено. Дури и покрај тоа, тие можеле да имаат доверба дека Јеховиниот ден сигурно ќе дојде „како крадец во ноќно време“ кога христијаните сѐ уште со итност ќе проповедаат (1. Солунјаните 5:2).

Би изгледало неверојатно за христијаните од првиот век, со овие зборови на ум, да мислеле дека Јеховиниот ден е со векови далеку. Навистина, тие знаеле за Исусовите параболи за царот кој заминал во една далечна земја и за човекот кој отпатувал во туѓина. Исто така, тие знаеле дека параболите покажувале дека царот ќе се врати „на крајот“ (НС), а патникот „по долго време“. Но, несомнено, размислувале и за такви прашања како што се: Кога е тоа „на крајот“? И што се мисли со „долго време“? Десет години? Дваесет години? Педесет години? Или, подолго? (Лука 19:12, 15; Матеј 25:14, 19). Исусовите зборови ќе продолжат да одѕвонуваат во нивните уши: „И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки“ (Лука 12:40).

Позитивниот ефект на итноста

Да, чувството на итност на кое поттикнува Бог имало прекрасен охрабрувачки ефект врз христијаните од првиот век, помагајќи им да останат вработени во најважното дело — делото на проповедање и поучување. Тоа продолжува да нѐ охрабрува и нас на многу начини. Нѐ чува да не станеме самозадоволни или ‚уморни од правење добро‘ (Галатјаните 6:9, King James Version). Нѐ штити од тоа да станеме премногу замешани во светот и во неговиот подмолен материјализам. Ги задржува нашите мисли на ‚вечниот живот‘ (1. Тимотеј 6:19). Господ Исус рекол дека неговите ученици ќе бидат како „овци меѓу волци“, и тој знаел колку е потребно да задржиме решителен, фиксиран поглед за да се бориме против светот. Да, ние сме безбедни и заштитени преку христијанското чувство на итност (Матеј 10:16).

Јехова Бог, во својата бескрајна мудрост, секогаш на своите слуги им давал доволно информации за да можат да го одржуваат живо своето чувство на итност. Тој љубезно нѐ уверил дека живееме во „последните денови“ од овој корумпиран систем на ствари (2. Тимотеј 3:1). Постојано сме потсетувани дека мора да светлиме како светилки сѐ додека генерацијата во која живееме одминува во големата неволја, чија кулминација ќе биде во Армагедон (Филипјаните 2:15; Откровение 7:14; 16:14, 16).

Да, божественото чувство на итност е еден составен дел од службата на Јехова со цела душа. Таа ги одбива и помага да се изјаловат Ѓаволските обиди да предизвика на Божјите слуги да ‚им дотегне и да опаднат во духот‘ (Евреите 12:3). Предаденоста со цела душа ќе предизвика Јеховините слуги да го слушаат во сета вечност, но сега, во овие денови пред Армагедон, едно длабоко, искрено чувство на итност е битен дел од предаденоста со цела душа.

Нека Јехова нашиот Бог на сите нас ни помогне да внимаваме на нашето чувство на итност додека продолжуваме да ги повторуваме зборовите на апостол Јован: „Амин! ‚Да, дојди, Господи Исусе!‘“ (Откровение 22:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели