ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/96 стр. 2
  • „Помош во вистинско време“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Помош во вистинско време“
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Да ја споделуваме со другите Тајната на семејната среќа
    Нашата служба за Царството 1997
  • Да им помогнеме на семејствата да си обезбедат трајна иднина
    Нашата служба за Царството 1997
  • Гласниците на божествен мир се собираат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 12/96 стр. 2

„Помош во вистинско време“

1 Колку само е освежувачки да се добие помош баш кога таа ни е потребна! (Евр. 4:16, НС). На Обласниот конгрес „Гласници на божествен мир“ се радувавме кога ни беа дадени две посебни подготовки за помош баш во вистинско време.

2 Новата книга Тајната на семејната среќа дојде во погодно време. Таа се сосредоточува на четири главни елементи кои унапредуваат среќен семеен живот: 1) самоконтрола, 2) признавање на поглаварството, 3) добра комуникација и 4) љубов. Опомената што е изнесена во книгата Семејна среќа ќе им помогне на сите семејства кои ја применуваат да најдат божествен мир. Одвојте си време внимателно да ја прочитате новата книга и да ја проучите заедно како семејство. Запознајте се добро со нејзините обележја за да бидете подготвени ефикасно да ја користите кога за првпат ќе биде понудена во јавноста, во март.

3 Новата брошура Што бара Бог од нас? дојде во вистинско време за да ни помогне да го забрзаме нашето дело на правење ученици. Иако можеби таа ќе се користи особено за да им се помогне на луѓето кои имаат ограничена способност за читање, многумина писмени возрасни и мали деца, исто така, ќе извлечат корист од нејзиното едноставно објаснување на основните библиски учења. Можеби таа е токму тоа што е потребно за да се започне студија како отскочна даска за книгата Спознание. Оваа подготовка сигурно уште на многумина ќе им помогне повеќе да го ценат тоа што можат да бидат богато благословени ако го прават она што го бара Бог.

4 Давид совршено ги изразил нашите чувства кога изјавил дека ‚ништо не му недостасувало, неговата душа била поткрепена и неговата чаша била напојувана со блаженство‘ (Псал. 22:1, 3, 5). Ние со радост и нетрпение очекуваме да им ја пренесеме оваа прекрасна духовна помош на многу други кои искрено сакаат да го знаат и да му служат на вистинскиот Бог, Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели