Песна 86
Да се негува плодот на љубовта
1. Јехова љубезно дарува
на секој што ќе му слугува.
Со сѐ тој го подготвува
да врши волја негова.
А таквиот со ценење
ги негува плодовите.
Но, меѓу сите најважен
е љубовта, плод божествен.
2. За служба својствата потребни
ги вежбаме, што ни користи,
но посебно се трудиме
во љубовта да растеме.
А кога поучуваме,
во разумот наш не е сѐ,
но од срце да даваме
и благослов споделиме.
3. Сѐ додека напредуваме,
за мирот да го зачуваме,
зло стрпливо ќе трпиме
и слабите ги носиме.
Но радоста ја имаме
што спремно ние даваме.
Па кај нас расте љубовта
што слична е на Божјата.