Нашата решеност — да го следиме Јеховиниот пат на живот
1 Една врвна точка на конгресите „Божјиот пат на живот“ беше резолуцијата што беше прифатена во заклучниот говор. Таа започна со изјавата: „Од сѐ срце се согласуваме дека Божјиот пат е најдобриот пат на живот“. Да се потсетиме на некои врвни точки од таа резолуција на кои рековме: „ДА!“
2 Наша одлука е да останеме чисти пред Јехова, без дамка од светот. Ќе продолжиме да ја ставаме Божјата волја на прво место во нашиот живот. Користејќи ја неговата Реч, Библијата, како наш водич, нема да застрануваме ни десно ни лево, потврдувајќи со тоа дека Божјиот пат е далеку посупериорен од патот на светот.
3 Општо земено, светот го игнорира Божјиот пат на живот и ги жнее последиците (Ерем. 10:23). Затоа мораме и понатаму да бидеме поучувани од нашиот Голем Поучувач, Јехова, кој вели: „Ете го патот, врвете по него“ (Иса. 30:21). Јеховиниот пат на живот, како што е изнесен во Писмото, е посупериорен во секој поглед. За да го следиме тој пат, неопходно е целосно да го искористиме сето она за што нѐ поучува Јехова.
4 Јеховината супериорна програма на поучување: Јехова нѐ поучува за вистинската смисла на животот и за тоа како да ги користиме нашите животи на најдобар можен начин. Тој нѐ поучува како да го подобриме квалитетот на нашиот живот умствено, морално и духовно. Нѐ поучува како да живееме во мир со нашите браќа, со нашето семејство и со другите луѓе. Тоа го прави преку својот учебник, Библијата, и преку својата организација.
5 Нашите собраниски состаноци се многу важни во овој поглед. Додека редовно присуствуваме и учествуваме на сите пет состаноци, добиваме опширно обучување како министри на добрата вест и едно добро урамнотежено образование за христијанскиот живот (2. Тим. 3:16, 17). Понатаму, нашиот Голем Поучувач обезбедува теократско образование преку собирите и конгресите. Нашата цел треба да биде никогаш да не пропуштиме ниту еден состанок доколку здравјето и околностите ни допуштаат да присуствуваме.
6 Трудољубиво да продолжиме да го следиме Божјиот пат на живот во деновите што претстојат, сѐ на Јеховина фалба и за наша вечна корист! (Иса. 48:17).