Обрни внимание на Божјите чудесни дела
1 Во текот на три прекрасни дена, бевме собрани на Обласниот конгрес „Извршители на Божјата реч“. Го тргнавме вниманието од секојдневните животни грижи и се концентриравме на чудесните дела на Јехова. Програмата беше наменета да ја зголеми нашата вера во Бог и неговата Реч, да го зајакне нашиот однос со него и да ја засили нашата ревност во службата. Како ни користи она што го научивме? (Јован 13:17).
2 Семејствата се послушни на Божјата реч: Циклусот „Биди послушен на Божјата реч“ ни помогна да ја преиспитаме духовната состојба на нашите семејства. Децата сакаат да учат. Затоа, побожните родители беа охрабрени да ја направат семејната библиска студија темел за да изградат духовно јако домаќинство. Многу семејни поглавари ја разгледуваат со своите деца новата брошура Ти можеш да бидеш Божји пријател! Ова ќе им помогне да стекнат среќен и доверлив однос со Јехова. Родители, поучете ги своите деца како да обрнат внимание на Божјите чувства. Изразете ја својата љубов кон него и неговите дела (Псал. 103:2). Заеднички трудете се да си поставите и да постигнете библиски цели и да бидете целосно вклучени во службата за Јехова.
3 Божјата реч го осветлува нашиот пат: Се радувавме кога беше објавена новата книга Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I. Книгата Исаија ги претскажува мрачните осуди за безбожните нации, како и сјајните благослови на Царството што се однесуваат на Божјиот народ (Иса. 34:2; 35:10). Исто така, таа ја гради верата и довербата во Јехова и во неговиот начин на водење на работите (Иса. 12:2—5).
4 Можеш да откриеш како Исаија го задржал својот интегритет кон Јехова додека бил опкружен со злоба. Кога му бил упатен повик да биде Божји гласник, Исаија одговорил: „Еве ме, испрати ме мене!“ (Иса. 6:8). Медитирањето за неговиот дух на спремност ќе те охрабри да продолжиш да ја проповедаш добрата вест, имајќи целосно учество во давањето „сведоштво на сите нации“ (Мат. 24:14).
5 Тоа што ќе обрнуваме внимание на Јеховините дела ќе ја зголеми неговата величественост. Затоа, да ја цениме предноста што сме извршители на Божјата реч!