ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/1 стр. 22-27
  • Извршителите на Божјата реч наоѓаат среќа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Извршителите на Божјата реч наоѓаат среќа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прв ден — Не заборавај ги Јеховините добрини
  • Втор ден — Постојано објавувај ги Божјите чудесни дела
  • Трет ден — Бидете извршители на Речта
  • Возбудливи конгреси ја унапредуваат божествената поука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Учителите на Божјата реч поттикнати да го исполнат својот налог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • ‚Ревносните објавители на Царството‘ радосно се собираат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Божјата пророчка реч дава надеж за иднината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/1 стр. 22-27

Извршителите на Божјата реч наоѓаат среќа

„Овој конгрес го сфаќаме како уште една од Јеховините подготовки со кои нѐ оспособува за понатамошна активност за Царството“, рече еден говорник во почетокот на Обласниот конгрес на Јеховините сведоци, „Извршители на Божјата реч“. Тој продолжи: „Подготвени сме да бидеме поучени за среќен семеен живот, да бидеме охрабрени да останеме близу до Јеховината организација, да бидеме мотивирани да ја задржиме ревноста во службата за Царството и да бидеме потсетени на потребата да бдееме“.

ОД КРАЈОТ на мај 2000, милиони извршители на Божјата реч и нивните пријатели надојдоа како јата на илјадници локации по целиот свет за да го примат виталното библиско образование. Што научија тие во текот на тридневниот конгрес?

Прв ден — Не заборавај ги Јеховините добрини

Во уводниот говор, претседавачот ги покани присутните да вкусат од благословите кои доаѓаат од обединетото обожавање на Јехова на конгресите. Тој ги увери сите присутни дека ќе се зголеми нивната вера и дека ќе се зајакне нивниот личен однос со Јехова.

„Среќниот Бог“ знае што ни е потребно за наша лична среќа (1. Тимотеј 1:11). Затоа, говорот „Извршувањето на Божјата волја усреќува“ нагласи дека Јеховината Реч, Библијата, го изложува најдобриот начин на живот (Јован 13:17). Неколку интервјуа со долгогодишни Сведоци на Јехова покажаа како извршувањето на Божјата волја под различни околности му дава смисла на нашиот живот. Следниот говор, „Зрачи од радост поради Јеховината доброта“, нагласи дека како „имитатори на Бог“ христијаните сакаат да покажуваат „секаков вид доброта“ во својот живот (Ефешаните 5:1, 9). Еден истакнат начин да се прави тоа е со проповедање на добрата вест и правење ученици (Псалм 145:7).

Дискусијата „Остани цврст како да го гледаш Оној кој е невидлив“ покажа како силната вера ни помага да го „гледаме“ невидливиот Бог. Говорникот опиша на кој начин луѓето кои се духовно настроени се свесни за Божјите особини, вклучувајќи ја и неговата способност да знае дури и што мислиме (Пословици 5:21). Интервјуираните раскажаа кои чекори ги презеле за да развијат посилна вера и да ги стават духовните интереси на прво место во животот.

Утринската сесија заврши со клучното предавање: „Фалете го Јехова — Оној кој прави чудесни дела“. Тоа им помогна на присутните да сфатат дека колку повеќе учиме за Јехова толку повеќе причини наоѓаме да го фалиме како Оној кој прави на чудесни дела. Говорникот рече: „Додека размислуваме за Божјите прекрасни дела на создавање, како и за сите чудесни дела кои ги прави тој за нас сега, срдечното ценење нѐ поттикнува да го фалиме. Додека медитираме за чудесните работи кои ги извршил тој за својот народ во минатото, сакаме да го фалиме. И додека размислуваме за ветувањата за чудесните дела што Јехова допрва ќе ги направи, бараме и начини да го изразиме своето ценење“.

Попладневната сесија започна со говорот „Не откажувај се да го правиш она што е добро“, кој ги потсети сите присутни дека притисоците од овој свет потврдуваат дека крајот е близу (2. Тимотеј 3:1). Меѓутоа, со тоа што не се откажуваме ние можеме да докажеме дека сме „од оние кои имаат вера за сочувување на душата во живот“ (Евреите 10:39).

Каков библиски совет беше даден во врска со семејниот живот? Првиот циклус на конгресот — „Биди послушен на Божјата реч“ — започна со делот „Во изборот на брачен партнер“. Изборот на брачен партнер е една од најсериозните одлуки што ја донесуваат луѓето. Затоа христијаните сакаат да чекаат да се венчаат дури кога ќе бидат зрели, и да се венчаат „само во Господ“ (1. Коринќаните 7:39). Во следниот дел од циклусот беше дискутирано дека Јехова има желба сите христијански семејства да успеат како силни духовни единки, и беа изнесени практични начини на кои може да се постигне тоа. Последниот дел ги потсети родителите дека поучувањето на нивните деца да го љубат Бог започнува со љубовта на родителите кон него.

Мислите изнесени во говорот „Чувај се од гласини и од оговарање“ им помогнаа на сите да увидат дека иако се случуваат чудни работи, треба да реагираме мудро, а не лековерно кога слушаме сензационални извештаи. Подобро е христијаните да зборуваат за нешто што знаат дека е вистина — добрата вест за Царството. Наредниот говор „Борба со ‚трн во телото‘“ за многумина беше многу утешителен и изградувачки. Им помогна да увидат дека и покрај постојаните испити со кои можеби се соочуваме, Јехова може да нѐ зајакне преку својот свет дух, својата Реч и нашето христијанско братство. Големо охрабрување во тој поглед беше добиено од личното искуство на апостол Павле (2. Коринќаните 12:7-10; Филипјаните 4:11, 13).

Првиот ден заврши со говорот „Да се оди во чекор со Јеховината организација“. Беа разгледани три подрачја на кои Божјата организација особено напредувала: 1) зголеменото сфаќање на духовната светлина на вистината од Јехова, 2) службата која ни ја доверил Бог, и 3) навремените преиначувања во организациските процедури. Потоа, говорникот уверливо наведе: „Возбудени сме од изгледите што лежат пред нас“. Тој праша: „Зарем може да постои некакво сомневање дека ја имаме секоја причина да ја задржиме цврста сѐ до крајот увереноста што сме ја имале во почетокот?“ (Евреите 3:14). Одговорот беше очигледен. Тоа водеше до објавување на една нова брошура со наслов Ти можеш да бидеш Божји пријател! Таа ќе служи како моќна алатка за поучување за да им се помогне да научат за Јехова на оние поединци кои имаат ограничено образование или способност за читање.

Втор ден — Постојано објавувај ги Божјите чудесни дела

По разгледувањето на дневниот стих, вториот конгресен ден продолжи со циклусот „Слугите на Божјата реч“. Првиот дел го сврте вниманието кон тековниот успех на нашето глобално проповедничко дело. Меѓутоа, нашата истрајност во ова дело се соочува со предизвик од мнозинството кое ја отфрла пораката за Царството. Извесен број долгогодишни објавители објаснија како ја задржале својата радост во службата на тој начин што ги зајакнале умот и срцето за да се соочат со предизвикот на апатија или противење. Вториот дел ги потсети конгресните делегати дека Јеховините сведоци настојуваат да ги достигнат луѓето насекаде, и формално и неформално. А последниот дел го опиша широкиот спектар начини на кои сите христијани можат да ја прошират својата лична служба. Говорникот нагласи дека за да го постигнеме тоа, треба на Божјето Царство да му дадеме највисок приоритет, па дури и ако тоа вклучува непријатности и самоодрекување (Матеј 6:19-21).

Со оглед на тоа што живееме во безбожен свет полн со незаситен копнеж за материјални работи, говорот „Негувај побожна оддаденост и биди задоволен со она што го имаш“ беше многу навремен. Темелејќи некои свои коментари на 1. Тимотеј 6:6-10, 18, 19 говорникот покажа како побожната оддаденост им помага на христијаните да ја избегнуваат љубовта кон парите, која може да ги наведе да залутаат и да им нанесе многу болки. Тој нагласи дека сеедно каква е нашата економска ситуација, среќата зависи од нашиот однос со Јехова и од нашата духовна благосостојба. Многумина беа длабоко трогнати од точките изнесени во говорот „Да не му даваме на Бог причина за срам“. Беше нагласен фактот дека Јехова никогаш не ги заборава своите верни Сведоци. Неспоредливиот пример на Исус Христос — кој „е истиот вчера и денес, и засекогаш“ — ќе им помогне на многумина со истрајност да продолжат да трчаат во трката за живот (Евреите 13:8).

Претпладневната сесија заврши со говорот за крштавање — секогаш врвна точка на големите собири на Јеховините сведоци. Колкава само радост беше да се види како новопредадените ги следат Исусовите стапки така што се подложуваат на крштавање во вода! (Матеј 3:13-17). Сите кои го преземаат овој чекор веќе постигнале многу како извршители на Божјата реч. Освен тоа, кога се крштаваат, тие стануваат ординирани министри на добрата вест, извлекувајќи голема радост од сознанието дека учествуваат во посветувањето на Јеховиното име (Пословици 27:11).

Директен совет беше даден во говорот „Потребна е зрелост ‚за да се разликува исправно и неисправно‘“. Световните мерила за исправно и неисправно се жалосно недостаточни. Затоа треба да се потпираме на Јеховините мерила (Римјаните 12:2). Сите беа охрабрени напорно да работат на тоа да стекнат точно разбирање на Божјите патишта и да растат до зрелост. Потоа, практикувајќи ја нашата моќ за согледување ќе бидеме извежбани ‚да разликуваме исправно и неисправно‘ (Евреите 5:11-14).

Потоа следеше циклусот „Работи напорно за да негуваш духовност“. Вистинските христијани сфаќаат колку е важно да ја развиваат и да ја задржат духовноста. Ова вклучува напорна работа — читање, проучување и медитирање (Матеј 7:13, 14; Лука 13:24). Исто така, духовните луѓе се постојани во „секаков облик на молитва и преколнување“ (Ефешаните 6:18). Сфаќаме дека нашите молитви ја откриваат длабочината на нашата вера и оддаденост, степенот на нашата духовност, како и она што го сметаме за ‚поважни работи‘ (Филипјаните 1:10). Беше нагласено и колку е важно да се развива срдечен, полн со љубов однос со Јехова како оној што го ужива едно послушно дете со љубезен татко. Ние не само што имаме религија — иако таа е вистинската — туку сакаме да изградиме и силна вера, ‚како да го гледаме Бог‘ (Евреите 11:6, 27).

На темата за духовниот напредок понатаму беше дискутирано во говорот „Нека биде видлив твојот напредок“. Беа разгледани три подрачја на тој напредок: 1) да растеме во спознанието, разбирањето и мудроста, 2) да ги донесуваме плодовите на Божјиот дух, и 3) да ги исполнуваме нашите одговорности како членови на семејството.

На крајот од последниот говор за тој ден „Да се оди во прогресивната светлина на Божјата реч“, конгресните делегати беа восхитени кога добија нова книга, Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I. Ова е првиот од двата тома во кои е обработена библиската книга Исаија, поглавје по поглавје. „Книгата Исаија има порака за нас денес“, забележа говорникот. Тој продолжи: „Да, голем дел од нејзините пророштва се исполниле уште во деновите на Исаија . . . Меѓутоа, многу пророштва на Исаија се исполнуваат денес, а некои ќе бидат исполнети во Божјиот ветен нов свет“.

Трет ден — Бидете извршители на Речта

Последниот ден од конгресот започна со дискусија за дневниот стих. Потоа, следеше циклусот „Значајното пророштво на Софонија за оние кои ја извршуваат Божјата волја“. Трите говори од овој циклус покажаа дека, како што сторил во деновите на своеглавата Јуда, Јехова ќе донесе неволја врз оние кои сега одбиваат да внимаваат на неговото предупредување. Бидејќи му грешат на Бог, тие ќе одат наоколу беспомошни како слепи луѓе, неспособни да најдат избавување. Меѓутоа, вистинските христијани верно продолжуваат да го бараат Јехова, и тие ќе бидат скриени во денот на Господовиот гнев. Освен тоа, тие уживаат многу благослови уште сега. Ја имаат благословената прилика да го зборуваат ‚чистиот јазик‘ (NW) на библиската вистина (Софонија 3:9). Говорникот забележа: „Зборувањето на чистиот јазик не вклучува само да веруваме во вистината и да ги поучуваме другите за неа туку вклучува и нашето однесување да го доведеме во склад со Божјите закони и начела“.

Конгресните делегати со нетрпение ја очекуваа драмата „Предупредувачки примери за нашево време“. Оваа костимирана драма покажа дека илјадници Израелци го изгубиле животот на границата на Ветената земја бидејќи го заборавиле Јехова и биле заведени од паганските жени во блуд и лажно обожавање. Еден од главните ликови — Јамин — во почетокот беше растргнат меѓу привлечноста на Моавките и својата оддаденост на Јехова. Во преден план дојдоа погрешното резонирање и измамничкото размислување на безбожниот Зимри, како и верата и оддаденоста на Финес. Беше живо прикажана опасноста да се биде вплеткан со оние кои не го љубат Јехова.

Драмата го даде тонот за следниот говор „Не станувајте заборавливи слушатели“. Анализата на 1. Коринќаните 10:1-10 покажа дека Јехова ја испитува нашата послушност за да одреди дали вредиме да добиеме наследство во новиот свет. Кај некои, телесните желби ги истиснуваат духовните цели уште сега, кога сме близу до влегувањето во новиот систем. Сите беа охрабрени да не ја проиграат приликата да ‚влезат во Јеховината починка‘ (Евреите 4:1).

Темата на јавното предавање беше „Зошто да обрнеме внимание на Божјите чудесни дела“. Јеховините „чудесни дела“ ја покажуваат неговата мудрост и неговиот авторитет над физичкото творештво околу нас (Јов 37:14). Неколку испитувачки прашања од Јехова биле доволни за Јов да биде импресиониран од моќта на семоќниот Творец. Јехова ќе направи и идни „чудесни дела“ во корист на своите верни слуги. Говорникот заклучи: „Имаме изобилни причини да обрнеме внимание на Јеховините чудесни дела — она што го направил во минатото, она што го прави денес за своето творештво и она што ветува дека ќе го направи во блиска иднина“.

После резимето на студиската статија од Стражарска кула за таа седмица, беше изнесен последниот говор на конгресот. Со наслов „Високо цени ја твојата предност како извршител на Божјата реч“, ова возбудливо предавање нагласи дека е чест да бидеме извршители на Божјата реч (Јаков 1:22). Присутните беа потсетени дека нашата предност како извршители на Божјата реч е единствена, и колку подолго ја имаме толку повисоко ќе ја цениме. Сите присутни беа охрабрени да размислуваат за корисното поттикнување од овој обласен конгрес во својата желба да бидат извршители на Божјата реч до максимум. Тоа е единствениот начин да доживееме најголема можна среќа.

[Рамка/слика на страница 25]

Ти можеш да бидеш Божји пријател!

Во петокот попладне беше објавена една нова брошура со наслов Ти можеш да бидеш Божји пријател! Во многу делови од светот постои голема потреба од поедноставено библиско образование, а оваа брошура ќе биде користена за да се задоволи таа потреба. Ќе биде голем благослов за луѓето со ограничено образование или способност за читање.

[Рамка/слики на страница 26]

Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво

Посетителите на конгресот беа одушевени што го добија Првиот том од двотомната збирка Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво. Во оваа публикација, се нагласува практичната вредност на пророштвото на Исаија за нашево време.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели