ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/03 стр. 1
  • Благодарност за Божјата милост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Благодарност за Божјата милост
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • ‚Вашиот татко е милосрден‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Му служиме на Бог, кој е „богат со милосрдие“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Објавувај ја добрата вест за незаслужената доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Биди благодарен за Божјата незаслужена доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 7/03 стр. 1

Благодарност за Божјата милост

1 Пред да стане христијанин, апостол Павле насилнички се противел на ширењето на христијанството. Меѓутоа, му била покажана милост зашто тоа го правел од незнаење. Јехова покажал незаслужена љубезност, и на Павле му била дадена задача да проповеда. Тој ја ценел таа задача (Дела 26:9—18; 1. Тим. 1:12—14). Благодарноста за Јеховината милост го поттикнала Павле да се троши себеси за да ја изврши својата служба (2. Кор. 12:15).

2 Како израз на Божјата милост, и нам ни е доделена служба (2. Кор. 4:1). Како Павле, и ние можеме да ја покажеме нашата благодарност за милоста што ни е покажана така што ќе се напрегаме помагајќи им на другите да напредуваат духовно. Еден начин да го правиме тоа е така што ќе започнеме и ќе водиме библиски студии.

3 Да се започнат библиски студии: Еден начин да започнеме библиски студии е така што ќе воспоставиме обиколка со списанија. Додека редовно ги посетуваме лицата од нашата обиколка, подобро се запознаваме со нивните грижи. Со текот на времето, некоја статија во некое списание може да биде отскочна даска за да се започне библиска студија со брошурата Бара. На наредните посети, кога ќе му ги дадеш списанијата на станарот, можеби ќе можеш да продолжиш со дискусија од брошурата Бара.

4 Потребен е молитвен напор: Молитвата заедно со марливите напори ќе ја подобри нашата проповедничка активност. Една сестра, пионер, која имала една библиска студија, му се молела на Јехова да ја благослови со повеќе студии. Исто така, постапувала во склад со своите молитви. Ја преиспитала својата служба и забележала дека не нуди библиски студии на повторните посети. Почнала да го прави тоа и набрзо имала уште две студии.

5 Колкава само предност имаме што учествуваме во објавувањето на „добрата вест на Божјата незаслужена љубезност“! (Дела 20:24). Нека благодарноста за Божјата милост нѐ поттикне да бидеме марливи во тоа да им помогнеме на другите да извлечат корист од Јеховината незаслужена љубезност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели