Нова програма за покраинскиот собир
1 Нашиот Господар претскажал дека неговите ученици ќе имаат неволји (Мат. 24:9). Како треба да гледаме на испитите? Што ќе ни помогне да истраеме во неволја? Програмата на покраинскиот собир за 2004 службена година ќе одговори на овие прашања. Темата е „Радувајте се во надежта. Издржете во неволја“ (Рим. 12:12).
2 Два циклуса: Во првиот циклус предавања, со наслов „Донесувајте плод со истрајност“, ќе бидат разгледани некои начини на кои донесуваме плод. Неколкумина објавители ќе бидат интервјуирани за тоа како тие проповедаат и поучуваат со чувство на итност. Родителите особено ќе сакаат да обрнат внимание на точката „Кога сме дисциплинирани од Јехова“, во која ќе се дискутира за тоа како можат родителите да расудуваат со своите деца. Последниот говорник во циклусот ќе истакне што мораме да правиме за да го спречиме светот штетно да влијае врз нас и да нѐ натера да станеме бесплодни (Мар. 4:19).
3 „Трчајте ја трката со истрајност“ е темата на вториот циклус предавања. Во него ќе биде покажано зошто нашиот живот е како трка. Зошто треба да трчаме според правилата? Како можеме успешно да го симнеме секој товар и да не се умориме во трката за живот? Навремениот библиски совет што ќе биде даден ќе ни помогне на сите нам да продолжиме да трчаме со истрајност.
4 Истрајноста донесува одобрување од Бог: Говорите што ќе ги изнесат патувачките надгледници ќе ја зајакнат верата на оние што ги слушаат и ги применуваат советите. Еден од говорите на обласниот надгледник има наслов „Истрајноста донесува одобрена состојба“. Јавното предавање ќе одговори на прашањата: ‚Во чие име треба да се надеваат нациите, и што е вклучено во тоа?‘ Во заклучниот говор, „Преку истрајност ќе ги добиете своите души“, ќе биде разгледано како можел Исус да поднесе неправда без да се огорчи.
5 Не заборавај да ги понесеш книгата Школа за служба и својот примерок на Стражарска кула за таа седмица. Води забелешки, кои ќе ти помогнат да се концентрираш и на кои ќе можеш да се осврнеш и во иднина. Подоцна во собранието програмата ќе биде повторно разгледана.
6 Јехова лично ја подготвил оваа гозба од духовна храна. Дојди! Јади! Ќе извикуваме од радост ако сме присутни за да извлечеме корист од целата програма (Иса. 65:14).