ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 5 стр. 10-11
  • Која е Божјата намера со Земјата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која е Божјата намера со Земјата?
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Добра вест од Бог!
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Каде се наоѓа рајот што се спомнува во Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Животот има величествена смисла
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 5 стр. 10-11

Лекција 5

Која е Божјата намера со Земјата?

Зошто Јехова ја создал Земјата? (1, 2)

Зошто Земјата сега не е рај? (3)

Што ќе се случи со злобните луѓе? (4)

Што ќе направи Исус во иднина за болните, старите и мртвите? (5, 6)

Што треба да правиш за да учествуваш во идните благослови? (7)

1. Јехова ја создал Земјава за луѓето да можат засекогаш да уживаат во животот на неа. Тој сакал Земјата секогаш да биде населена со праведни, среќни луѓе (Псалм 113:24; Исаија 45:18). Земјата никогаш нема да биде уништена; таа вечно ќе трае (Псалм 103:5; Проповедник 1:4).

2. Пред Бог да го создаде човекот, Тој одбрал еден мал дел од Земјата и го претворил во еден прекрасен рај. Го нарекол градината Едем. Тука тој ги поставил првиот маж и првата жена, Адам и Ева. Бог имал намера тие да имаат деца и да ја наполнат целата Земја. Постепено тие требало да ја претворат целата Земја во рај (1. Мојсеева 1:28; 2:8, 15).

3. Адам и Ева намерно згрешиле така што го прекршиле Божјиот закон. Поради тоа Јехова ги истерал од Едемската градина. Рајот бил изгубен (1. Мојсеева 3:1—6, 23). Но Јехова не ја заборавил својата намера со Земјава. Тој ветува дека ќе ја претвори во рај, каде што луѓето ќе живеат засекогаш. Како ќе го стори тоа? (Псалм 36:29).

4. Пред Земјата да може да стане рај, злобните луѓе мора да бидат отстранети (Псалм 36:38). Тоа ќе се случи во Армагедон што претставува Божја војна за докрајчување на злобата. Потоа, Сатана ќе биде затворен 1.000 години. Тоа значи дека нема да останат злобни да ја уништуваат Земјата. Ќе преживее само Божјиот народ (Откровение 16:14, 16; 20:1—3).

5. Тогаш Исус Христос ќе владее 1.000 години како цар над Земјава (Откровение 20:6). Тој постепено ќе ни го отстрани гревот од мислите и од телото. Ќе станеме совршени луѓе како што биле Адам и Ева пред да згрешат. Тогаш нема да има повеќе болест, старост и смрт. Болните луѓе ќе бидат излечени и старите луѓе повторно ќе станат млади (Јов 33:25; Исаија 33:24; Откровение 21:3, 4).

6. Во текот на Исусовото илјадагодишно владеење, верните луѓе ќе работат за да ја претворат целата Земја во рај (Лука 23:43). Исто така, милиони мртви ќе бидат воскреснати во човечки живот на Земјата (Дела 24:15). Ако го прават она што го бара Бог од нив, ќе продолжат да живеат засекогаш на Земјата. Ако не, ќе бидат засекогаш уништени (Јован 5:28, 29; Откровение 20:11—15).

7. Божјата првобитна намера со Земјата на тој начин ќе успее. Дали ти би сакал да учествуваш во овие идни благослови? Ако е така, треба да продолжиш да учиш за Јехова и да ги слушаш неговите барања. Присуствувањето на состаноците во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци ќе ти помогне да го сториш тоа (Исаија 11:9; Евреите 10:24, 25).

[Слика на страница 10]

Изгубениот рај

[Слики на страница 11]

После Армагедон, Земјата ќе биде претворена во рај

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели