Проучување на брошурата Бдејте!
На Собраниската студија на книга во седмиците од 23 мај до 20 јуни 2005 година, насекаде во светот ќе се проучува брошурата Бдејте! Ве молиме користете ги следниве прашања кога ќе се подготвувате и кога ќе го водите состанокот. За време на студијата, прочитајте го отпечатениот материјал и, доколку дозволува времето, прочитајте ги и наведените стихови.
Седмица од 23 мај
◼ Страници 3 и 4: Која од наведениве ситуации особено влијаела на твојот живот? Што ти покажува дека овие ситуации не се само локални настани?
◼ Страница 5: Што те уверува дека Бог е навистина заинтересиран? Како ќе се види колку сме заинтересирани за Бог и за она што го прави тој?
◼ Страници 6-8: Што кажува Матеј 24:1-8, 14 за значењето на сегашните услови во светот? Во кое време живееме денес, според 2. Тимотеј 3:1-5? На што се последни овие денови? Што те уверува дека Библијата е навистина Божја реч? Што е Царството за кое проповедаме?
◼ Страници 9 и 10: Зошто треба внимателно да размислиме за нашите секојдневни одлуки и за она што ни е најважно во животот? (Рим. 2:6; Гал. 6:7). Додека ги разгледуваш прашањата на страница 10, кои стихови што треба да влијаат врз твоите постапки ти доаѓаат на ум?
Седмица од 30 мај
◼ Страница 11: Зошто треба секој од нас лично да размисли за прашањата што се поставени на оваа страница? (1. Кор. 10:12; Ефеш. 6:10-18). Што откриваат нашите одговори на овие прашања за тоа колку сериозно го сфаќаме советот од Исус во Матеј 24:44?
◼ Страници 12-14: Што е ‚часот на суд‘ за кој се зборува во Откровение 14:6, 7? Што значи тоа ‚да се плашиме од Бог и да му оддаваме слава‘? Што е Големиот Вавилон и што ќе се случи со него? Какви чекори треба да преземеме сега во врска со Големиот Вавилон? Што друго е вклучено во проречениот ‚час на суд‘? Како влијае врз нас тоа што не го знаеме „ниту денот ниту часот“ за прореченото извршување на Божјиот суд? (Мат. 25:13).
◼ Страница 15: Што е спорното прашање за суверенитетот и како ова прашање го вклучува секој од нас лично?
◼ Страници 16-19: Што се тие „нови небеса“ и „нова земја“? (2. Петр. 3:13). Кој ги ветува овие работи? Кои промени ќе ги донесат ‚новите небеса‘ и ‚новата земја‘? Дали ние лично ќе имаме корист од нив?
Седмица од 6 јуни
◼ Страници 20 и 21: Што им рекол Исус на своите следбеници од првиот век за да ги предупреди да бегаат? (Лука 21:20, 21). Кога било можно да го направат тоа? Зошто било итно да се бега без одложување? (Мат. 24:16-18, 21). Зошто многу луѓе ги игнорираат предупредувањата? Каква корист имале илјадници луѓе од Кина и Филипини од тоа што им обрнале внимание на предупредувањата дадени од доверливи извори? Зошто е уште поитно да ги послушаме библиските предупредувања за крајот на сегашниов систем на работи? Каква одговорност имаме, со оглед на оваа голема итност? (Посл. 24:11, 12).
◼ Страници 22 и 23: Зошто многумина лесно ги отфрлиле предупредувањата за катастрофите во Австралија во 1974 година и во Колумбија во 1985 година и со какви последици се соочиле? Што мислиш, како ти би реагирал на овие предупредувања, и зошто? Што ќе покаже дали ние би го послушале предупредувањето во времето на Ное? Зошто луѓето сакале да живеат во Содом и во неговата околина? Каква корист ќе имаме ако сериозно размислуваме за тоа што се случило во Содом?
Седмица од 13 јуни
◼ Страници 24-27: Употреби ги ‚прашањата за проучување‘ на 27 страница.
Седмица од 20 јуни
◼ Страници 28-31: Употреби ги ‚прашањата за проучување‘ на 31 страница.
Ова разгледување на брошурата ќе ни помогне да ‚бдееме‘ и да бидеме подготвени. Од нашата јавна служба секогаш нека се гледа истата итност како онаа од објавата на ангелот: „Плашете се од Бог и оддајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд“ (Мат. 24:42, 44; Откр. 14:7).