-
Што се случува со добротворството?Стражарска кула 2003 | 1 Јуни
-
-
отишле стотици илјади долари. Негативните извештаи како овие со право придонеле некои донатори да станат попретпазливи за тоа како и на кого ги даваат парите.
Да се даде или не
Сепак, би било штета да дозволиме постапките на неколку поединци или организации да ја задушат нашата искрена грижа и сочувство за другите. Библијата вели: „Обликот на обожавање кој е чист и неизвалкан од гледна точка на нашиот Бог и Татко е овој: да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја и да се чуваш без дамка од светот“ (Јаков 1:27). Да, активната грижа за сиромашните и обесправените е составен дел од христијанството.
Сепак, можеби ќе се прашаш: ‚Треба ли да продолжам да давам на добротворни организации или едноставно треба да се обидам да помогнам со тоа што лично ќе им давам подароци на поединци?‘ Каков вид давање очекува Бог? Следната статија ќе дискутира за овие прашања.
-
-
Давање што му е угодно на БогСтражарска кула 2003 | 1 Јуни
-
-
Давање што му е угодно на Бог
ИСУС и неговите ученици уживале во еден вкусен оброк во Витанија со неколкумина блиски пријатели, вклучувајќи ги Марија, Марта и неодамна воскреснатиот Лазар. Кога Марија зела една либра скапо масло и му ги намачкала нозете на Исус, Јуда Искариот се налутил и отворено кажал што мисли. „Зошто не беше продадено ова мирисливо масло за триста денарии и не беше дадено на сиромашните луѓе?“ се побунил тој. Другите брзо приговориле на сличен начин (Јован 12:1—6; Марко 14:3—5).
Меѓутоа, Исус одговорил: „Оставете ја . . . Зашто сиромасите секогаш ги имате со вас и можете да им правите добро кога ќе посакате, а мене ме немате секогаш“ (Марко 14:6—9). Еврејските религиозни водачи поучувале дека давањето милостиња не само што било доблест туку можело дури и да ги откупи гревовите. Исус, од друга страна, јасно дал на знаење дека давањето што му е угодно на Бог не е ограничено на тоа да им се даваат добротворни дарови на сиромашните.
Еден краток преглед на тоа како се давало во раното христијанско собрание ќе истакне некои практични начини на кои можеме да ја покажеме нашата грижа и, со тоа, да му угодиме на Бог со своето давање. Тоа исто така ќе покаже еден специфичен начин на давање што може најмногу да помогне.
„Давајте дарови на милосрдие“
Во неколку прилики Исус ги охрабрил своите ученици да ‚даваат дарови на милосрдие‘, или како што други преводи ја преведуваат оваа фраза, да ‚даваат милостиња‘ (Лука 12:33, ПСП). Меѓутоа, Исус дал предупредување во врска со нападното истакнување со цел едноставно за да се слави оној што дава а не Бог. „Кога даваш дарови на милосрдност“, рекол тој, „не труби пред себе, како што прават лицемерите во синагогите и по улиците за да бидат славени од луѓето“ (Матеј 6:1—4). Применувајќи го овој совет, раните христијани го избегнувале нападното истакнување на лажно побожната религиозна елита од нивно време и избрале да им помогнат на сиромашните правејќи им лични услуги или давајќи им дарови.
На пример, во Лука 8:1—3, кажано ни е дека Марија Магдалена, Јоана, Сусана и други ненаметливо го користеле „својот имот“ служејќи им на Исус и на неговите апостоли. Иако овие мажи не биле сиромашни, тие ги оставиле своите средства за живот за да се сосредоточат исклучително на службата (Матеј 4:18—22; Лука 5:27, 28). Со тоа што им помагале да ја извршат нивната задача што им била дадена од Бог, овие жени, всушност, го славеле Бог. И Бог го покажал своето одобрување со тоа што зачувал извештај за нивната милосрдна дарежливост во Библијата за да можат сите идни генерации да го читаат (Пословици 19:17; Евреите 6:10).
Дорка била уште една љубезна жена која ‚изобилувала со добри дела и со дарови на милосрдие‘. Таа правела облека за сиромашните жени во нејзиниот крајбрежен град Јопа. Дали самата платила за сите материјали или едноставно бесплатно го дала својот труд, не знаеме. Сепак, со своето добро дело им станала мила на оние на кои можела да им помогне, како и на Бог кој милостиво ја благословил нејзината добронамерност (Дела 9:36—41).
Исправниот мотив е многу важен
Што ги мотивирало овие поединци да даваат? Тоа било повеќе отколку само сочувствителен нагон поттикнат од некој емоционален повик за помош. Тие чувствувале лична морална одговорност секој ден да направат сѐ што можат за да им помогнат на оние што биле погодени од сиромаштија, неволји, болест или други проблеми (Пословици 3:27, 28; Јаков 2:15, 16). Ваквиот вид давање му е угодно на Бог. Тоа првенствено е мотивирано од длабока љубов кон Бог и желба да ја имитираат неговата милосрдна и дарежлива личност (Матеј 5:44, 45; Јаков 1:17).
Апостол Јован го нагласил овој важен аспект на давањето кога прашал: „Кој ги има средствата од овој свет кои се потребни за живот и гледа дека брат му има потреба, а сепак пред него ја затвора вратата на своето нежно сочувство, како останува во него љубовта кон Бог?“ (1. Јованово 3:17). Одговорот е очигледен. Љубовта кон Бог ги поттикнува луѓето да бидат милосрдни. Бог ги цени и ги наградува оние што, како него, покажуваат дарежлив дух (Пословици 22:9; 2. Коринќаните 9:6—11). Можеме ли да видиме ваков вид дарежливост денес? Размисли за она што неодамна се случило во едно собрание на Јеховините сведоци.
На домот на една постара христијанка му требале сериозни поправки. Таа живеела сама и немала семејство што ќе ѝ помогне. Низ годините, нејзиниот дом секогаш бил на располагање за да се одржуваат собраниски состаноци и честопати делела оброк со секој што ќе ја прифател нејзината покана (Дела 16:14, 15, 40). Кога ја виделе нејзината неповолна ситуација, членови од собранието се собрале да ѝ помогнат. Некои дале пари, други, пак, го понудиле својот труд. Во текот на неколку викенди, доброволците ставиле нов кров, нова бања, го малтерисале и го исфарбале целиот прв спрат и ставиле нови елементи во кујната. Од нивното давање не само што била задоволена потребата на сестрата туку и
-