ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/6 стр. 3-4
  • Што се случува со добротворството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случува со добротворството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Корисно или залудно?
  • Да се даде или не
  • Давање што му е угодно на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Што да речеш за списанијата
    Нашата служба за Царството 2003
  • Зошто да му даваме на оној што има сѐ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Добро опколено со зло
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/6 стр. 3-4

Што се случува со добротворството?

ПО НАПАДИТЕ од 11 септември 2001 во градовите Њујорк и Вашингтон (Д.К.), јавната поддршка за жртвите на трагедијата беше впечатлива. Добротворните организации беа преплавени со донации во износ од 2,7 милијарди долари за помош на семејствата на жртвите. Шокирани од размерите на штетата, луѓе од секаде сакаа да помогнат.

Меѓутоа, кога на површина избија обвиненија дека истакнати добротворни организации ги злоупотребувале средствата, расположението на јавноста набрзо прејде во огорченост. Имаше поплава од гнев поради извештајот дека една голема добротворна организација планирала да задржи речиси половина од 546-те милиони долари што ги добила и да ги употреби за други цели. Иако организацијата подоцна ја сменила својата одлука и се извинила, една репортерка забележува: „Критичарите гледаат на ваквиот пресврт како задоцнет и несоодветен за да ја обнови довербата“ што организацијата ја уживала пред нападите. Што мислиш ти? Дали во последно време била разнишана твојата доверба во добротворните организации?

Корисно или залудно?

Општо гледано, давањето на добротворни организации се смета за доблест. Сепак, не се согласуваат сите со тоа. Пред повеќе од 200 години, Семјуел Џонсон, англиски есеист, напишал: „Многу си поуверен дека правиш добро кога им плаќаш на оние што работат, како надомест за нивниот труд, отколку кога даваш пари едноставно од добротворство“. Некои денес на сличен начин се воздржани во тој поглед, а извештаите за добротворни организации што погрешно ракуваат со донациите малку придонесуваат за да се зајакне довербата на јавноста. Разгледај два неодамнешни примера.

Еден директор на една религиозна добротворна организација во Сан Франциско бил отпуштен откако наводно на својата агенција ѝ ги испратил сметките за неговата пластична операција и сметките од ресторан во износ од 500 долари неделно што ги направил во период од повеќе од две години. Во Британија, организаторите на еден голем телевизиски добротворен настан биле засрамени кога било откриено дека од 6,5-те милиони фунти (околу 10 милиони долари), испратени за да се помогне да се изградат нови сиропиталишта во Романија, биле изградени само 12 куќи што се под стандардите, а не се знае каде отишле стотици илјади долари. Негативните извештаи како овие со право придонеле некои донатори да станат попретпазливи за тоа како и на кого ги даваат парите.

Да се даде или не

Сепак, би било штета да дозволиме постапките на неколку поединци или организации да ја задушат нашата искрена грижа и сочувство за другите. Библијата вели: „Обликот на обожавање кој е чист и неизвалкан од гледна точка на нашиот Бог и Татко е овој: да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја и да се чуваш без дамка од светот“ (Јаков 1:27). Да, активната грижа за сиромашните и обесправените е составен дел од христијанството.

Сепак, можеби ќе се прашаш: ‚Треба ли да продолжам да давам на добротворни организации или едноставно треба да се обидам да помогнам со тоа што лично ќе им давам подароци на поединци?‘ Каков вид давање очекува Бог? Следната статија ќе дискутира за овие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели