Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 мај
„Секојдневно слушаме извештаи за насилство. Дали мислите дека некогаш порано постоеле вакви услови? [Дозволи одговор.] Забележете што вели Библијата [Прочитај Матеј 24:37.] Времето на Ное било толку лошо што Бог збришал сѐ освен Ное и неговото семејство. Ова списание покажува какво значење имаат тие настани за нас денес.“
Стражарска кула 1 јуни
„Извештаите за погрешно користење на донирани средства навеле некои да се запрашаат дали е мудро да даваат на добротворни организации. Но, има толку многу сиромашни луѓе. Што мислите вие, што може да се направи? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Евреите 13:16.] Ова списание објаснува кој вид давање му е угоден на Бог.“
Разбудете се! 8 јуни
„Мислите ли дека владата треба да се меша во слободата на говорот? [Дозволи одговор.] Што ако говорот вклучува да се зборува со другите за религија, како што читаме овде? [Прочитај Дела 28:30, 31.] Неодамна, ова прашање беше изнесено пред врховниот суд на САД. Ве покануваме да прочитате за тоа во ова издание на Разбудете се!“