Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 апр.
„Во изминативе години многу луѓе забележале пад во духовните вредности. Сте го забележале ли тоа и вие? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Псалм 119:105.] Духовните вредности можат да им помогнат на луѓето да избегнат многу стапици во животот. Ова списание покажува каде можат да се најдат вистински духовни вредности.“
Стражарска кула 1 мај
„Некои прашања се над способноста на човекот да даде одговор. Забележете го овој пример. [Прочитај Јов 21:7.] Сте имале ли некогаш некое прашање што би сакале да му го поставите на Бог? [Дозволи одговор.] Ова списание објаснува како луѓе од сите делови на светот нашле задоволувачки одговори на три од најважните прашања во животот.“
Разбудете се! 8 мај
„Нашата безбедност е загрозена како никогаш порано. Се поголема грижа создава нешто што се нарекува кражба на идентитет. Сте чуле ли за тоа? [Дозволи одговор.] Библијата ветува дека еден ден на земјата ќе нема никаква закана за нашата безбедност. [Прочитај Исаија 11:9.] Ова списание објаснува како ќе се постигне тоа.“