Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 април
„Некои луѓе сметаат дека сѐ што се случува во животот, вклучувајќи ги и несреќите, е Божја волја. Сте размислувале ли некогаш за тоа? [Дозволи одговор.] Многу луѓе ја знаат оваа молитва [Прочитај Матеј 6:10б.] Која е Божјата волја за Земјата, и кога ќе се исполни таа потполно? Ова списание го дава библискиот одговор.“
Стражарска кула 1 мај
„Во обид да го подобрат човечкото општество, некои религиозни водачи се вмешале во политика. Меѓутоа, забележете што направил Исус кога луѓето сакале да го направат цар. [Прочитај Јован 6:15.] Исус се сосредоточил на нешто што ќе им донесе трајно добро на другите. Ова списание кажува што е тоа.“
Разбудете се! 8 мај
„Многу луѓе денес водат активен живот и добро би им дошло малку повеќе одмор. Можеби ќе се согласите со овие зборови запишани пред повеќе од 3.000 години. [Прочитај Проповедник 4:6. Потоа дозволи одговор.] Ова издание на Разбудете се! дава корисни информации за тоа како да се препознае и како да се излезе на крај со проблемот на недоволно спиење.“