Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Некои луѓе сметаат дека Исус бил најголемиот човек во историјата. Други, пак, се сомневаат дали воопшто постоел. Мислите ли дека е важно што веруваме за него? [По одговорот, прочитај Дела 4:12.] Каков доказ има дека Исус навистина живеел на земјата? Ова списание го испитува тоа прашање.“
Стражарска кула 1 јули
„Една од нашите најосновни потреби како луѓе е да сакаме и да бидеме сакани. [Прочитај го цитираниот текст на 4. страница.] Сепак, сте забележале ли дека современото општество е склоно да даде приоритет на други работи? [Дозволи одговор.] Ова списание дискутира што е вистинска љубов и како може таа да се развива.“ Прочитај 1. Коринќаните 13:2.
Разбудете се! 8 јули
„Сте забележале ли дека денес на многу луѓе им е тешко доволно да се наспијат? [Дозволи одговор.] За тоа можат да придонесат грижите или проблемите. [Прочитај Проповедник 5:11.] Ова списание испитува некои од причините за несоница и дава практични предлози како можеме да ги подобриме своите навики на спиење.“