Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 мај.
„Што мислите, дали некогаш ќе има еден свет без сиромаштија? [Почекај да одговори.] Забележете што ветува Бог. [Прочитај Исаија 65:21.] Ова издание од Стражарска кула разгледува како ова ветување ќе стане стварност.“ Договори се повторно да навратиш за да го разгледате прашањето: Кога ќе се исполни ова ветување?
Стражарска кула 1 јуни.
„Иако скоро секој зборува за мир, изгледа дека светското единство е нешто недостижно за луѓето. Што мислите, дали тоа е само сон? [Почекај да одговори.] Ова списание ни го насочува вниманието кон една влада што е способна да го обедини светот.“ Прочитај Псалм 72:7, 8 и договори се повторно да навратиш за да дискутирате како ќе се случи тоа.
Разбудете се! 8 јуни.
„Во минатото, Бог им заповедал на децата да ги почитуваат својата мајка и својот татко. [Прочитај Излез 20:12.] Што мислите, дали денес мајките ја добиваат почитта што ја заслужуваат? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува со кои проблеми се соочуваат мајките во различни земји и како успеваат да се справат со нив.“