Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 ное.
„Многу луѓе се прашуваат зошто проблемите што го мачат човештвото не се намалуваат туку сѐ повеќе се зголемуваат. Што мислите, дали зборовите од овој стих ја откриваат можната причина за тоа? [Прочитај Откровение 12:9. Потоа почекај да одговори.] Ова списание зборува за сплетките што Ѓаволот ги користи за да ги заведе луѓето и за тоа како можеме да му се спротивставиме.“
Стражарска кула 1 дек.
„Кога луѓето ќе го слушнат зборот ‚Армагедон‘, многумина си замислуваат некакво страшно масовно уништување. [Покажи ја рамката на страница 3.] Дали би се изненадиле кога би дознале дека Армагедон всушност е една од најдобрите работи што можат да ни се случат? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува зошто.“ Прочитај 2. Петрово 3:13.
Разбудете се! 8 дек.
„Низ целиот свет постои голема разлика меѓу богатите и сиромашните. Што мислите, може ли да се направи нешто за да се премости таа разлика? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 6:9, 10.] Ова списание покажува зошто можеме да имаме доверба дека Божјето Царство ќе ја отстрани нерамноправноста што денес го измачува човештвото.“