Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 ноември
„Што мислите, дали браковите би биле постабилни кога мажите и жените би го послушале овој совет од Библијата? [Прочитај Јов 31:1. Потоа почекај да одговори.] Во оваа статија се изнесени некои библиски начела што можат да им помогнат на брачните другари да останат приврзани еден кон друг.“ Покажи ја статијата што почнува на 18. страница.
Разбудете се! Ноември
„Повеќето луѓе се согласуваат дека рибите во океаните ги снемува сѐ побрзо. Што мислите, дали човечките влади успешно ќе го решат овој проблем? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 6:10.] Оваа статија објаснува зошто треба да сме загрижени за тој проблем, и кажува како Бог ќе го реши.“ Покажи ја статијата на 20. страница.
Стражарска кула 1 декември
„Во ова време од годината, многу луѓе размислуваат за Исус. Што мислите, дали може тој некако да влијае врз Вашиот живот? [Почекај да одговори.] Библијата нѐ поттикнува да го следиме примерот на Исус. [Прочитај 1. Петрово 2:21.] Ако правиме така, ќе бидеме подобри и посреќни луѓе. Ова списание објаснува зошто.“
Разбудете се! Декември
„Луѓето со векови си го поставуваат ова прашање. [Покажи го прашањето на насловната страница.] Што мислите, каде можеме да најдеме задоволувачки одговор? [Почекај да одговори.] Забележете зошто треба одговорот да го бараме кај Бог. [Прочитај Псалм 100:3.] Ова списание објаснува што вели Библијата на таа тема.“