Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 ное.
„Бидејќи во светот има толку многу нечесност, некои се прашуваат: ‚Зошто толку да се трудам да постапувам исправно?‘ Дали некогаш сте размислувале така? [Почекај да одговори.] Забележете ги овие охрабрувачки зборови. [Прочитај Изреки 2:21, 22.] Ова списание објаснува која е најважната причина да постапуваме исправно.“
Разбудете се! Ное.
„Некои сметаат дека Бог е одговорен за сѐ што се случува. Кога ќе се случи некоја несреќа, тие велат дека Бог сигурно имал оправдана причина за тоа што ја предизвикал. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јаков 1:13.] Ова списание покажува што вели Библијата за тоа зошто има страдања и што прави Бог за да им стави крај.“
Стражарска кула 1 дек.
„Што мислите, дали денес се исполнува ова библиско пророштво? [Прочитај Матеј 24:11. Потоа почекај да одговори.] Ова списание зборува за некои учења што станале популарни. Тоа покажува и што треба да правиме за да не бидеме измамени од лажни учители.“
Разбудете се! Дек.
„Кој според вас е најголемиот човек што некогаш живеел? [Почекај да одговори.] Многумина сметаат дека Исус е најголемиот човек. Забележете што ќе стори тој за Земјата како Владетел на Божјето Царство. [Покажи ја сликата на страниците 8, 9, и прочитај еден од наведените стихови.] Ова списание објаснува како и кога Исус ќе го постигне тоа.“