Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 ное.
„Сите сакаме животот да ни биде среќен и исполнет. Се согласувате ли дека среќата зависи од она што го спомнал Исус во овој стих? [Прочитај Матеј 5:3. Потоа почекај да одговори.] Во ова списание можете да прочитате како задоволувањето на нашите најосновни, вродени потреби да му служиме на Бог му дава смисла на животот.“
Разбудете се! Ное.
„Во ова време на наука и скептицизам, многу луѓе мислат дека Библијата е застарена книга. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Дали сте знаеле дека секоја изјава од Библијата која е поврзана со науката е точна? [Прочитај Јов 26:7.] Во ова специјално издание на Разбудете се! се изнесени убедливи докази зошто можеме да ѝ веруваме на Библијата.“
Стражарска кула 1 дек.
„Како би одговориле на ова прашање? [Прочитај го прашањето од насловната страница. Потоа почекај да одговори.] Бог има намера да ги обедини сите луѓе. [Прочитај Псалм 46:8, 9.] Во ова списание ќе прочитате што вели Библијата за тоа како ќе се постигне единство меѓу луѓето.“
Разбудете се! Дек.
„За некои смртта е премин во задгробен живот, а според други, со смртта завршува сѐ. Што мислите Вие — дали треба да се плашиме од смртта? [Почекај да одговори.] Сакам да Ви прочитам што мислел Јов за смртта. [Прочитај Јов 14:14, 15.] Ова списание дава јасен библиски одговор на прашањето што се случува по смртта.“