Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 ное.
„Некои се прашуваат дали ни се потребни цркви и храмови за да го обожаваме Бог. Што мислите вие? [Дозволи одговор.] Видете што вели Библијата на оваа тема. [Прочитај Дела 17:24.] Тогаш, за каква цел треба да служат местата за обожавање? Ова списание дава библиски одговор на тоа прашање.“
Стражарска кула 1 дек.
„Денес, речиси сите сметаат дека е тешко да се врзе крај со крај. Истото е случај и со црквите, и тие станаа уште поупорни во барањето пари. Дали тоа Ве вознемирува? [Дозволи одговор. Потоа прочитај 1. Солуњаните 2:9.] Стражарска кула разгледува што вели Библијата за тоа.“
Разбудете се! 8 дек.
„На многумина денес животот им е исполнет со несигурност. [Прочитај Проповедник 9:11.] Каде може да се најде доверливо водство? [Дозволи одговор.] Некои се свртуваат кон нумерологијата. Дали таа е средство преку кое може да ја откриете својата судбина? Каде можете да најдете доверливи информации за иднината? Разбудете се! ги дава одговорите.“