Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Ќе се сложите ли дека во денешниов современ свет е предизвик да се воспитуваат деца? [Дозволи одговор.] Забележете го ова уверување дека родителите можат да успеат. [Прочитај Пословици 22:6.] Ова издание на Стражарска кула дава практичен совет што ќе им помогне на родителите да се справат со овој предизвик.“
Стражарска кула 1 јули
„Во време на неволји, мнозина се прашуваат дали Бог навистина се грижи за луѓето и дали го забележува нивното страдање. Сте размислувале ли некогаш за тоа? [Дозволи одговор.] Ова списание зборува за тоа како Бог покажува грижа за нас денес и како поставил темел за да се отстрани сето страдање.“ Прочитај Јован 3:16.
Разбудете се! 8 јули
Откако ќе спомнеш некој трагичен настан со којшто луѓето се запознати, прашај: „Сте се прашале ли некогаш зошто Бог дозволува да се случуваат вакви работи? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Јаков 1:13.] Оваа статија, која е напишана посебно за младите, објаснува зошто нашиот Творец полн со љубов сѐ уште не презел нешто за да му стави крај на човечкото страдање“.