Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Што мислите, дали е можно да бидеме среќни и покрај проблемите со кои се соочуваме? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува каде да најдеме совети што можат да ни помогнат успешно да се справиме со секојдневните проблеми. Тоа зборува и за вистинската надеж, која може да ни даде сила да издржиме.“ Прочитај Откровение 21:3, 4.
Разбудете се! Јуни
„Дали ќе се согласите дека катастрофите што се случија во изминатиов период покажаа колку е важно да им обрнуваме внимание на предупредувањата? [Почекај да одговори.] Во оваа статија се зборува за поуките што ги извлекле преживеаните од ураганот Катрина. Тука можеме да прочитаме и за предупредувањето на кое сите мораме да му обрнеме внимание.“ Покажи ја статијата што почнува на 14. страница.
Стражарска кула 1 јули
„Во денешниов свет полн со проблеми, многу луѓе се прашуваат: ‚Зошто има толку многу проблеми? Ако постои Бог, зошто не стори нешто за да ги отстрани страдањата?‘ Дали некогаш сте си ги поставиле истите прашања? [Почекај да одговори.] Во ова списание се наоѓаат јасните библиски одговори на тие прашања.“ Прочитај 2. Тимотеј 3:16.
Разбудете се! Јули
„Денес, сѐ повеќе бракови се под голем притисок? Што мислите, дали на брачните двојки ќе им користи овој совет од Библијата? [Прочитај Ефешаните 4:32. Потоа почекај да одговори.] Во овој број на Разбудете се! се разгледуваат некои испробани библиски начела, кои можат да ни помогнат да изградиме среќен брак.“