„Вашиот збор секогаш нека биде... зачинет со сол“
1. Што значи тоа ‚нашиот збор да биде зачинет со сол‘?
1 „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен, зачинет со сол, да знаете секому да му одговорите како што треба“ (Кол. 4:6). Кога внимаваме што и како зборуваме, тогаш нашиот говор ќе му биде пријатен на оној што нѐ слуша. Многу е важно тоа да го правиме кога сме во служба.
2. Како Исус ѝ сведочел на една Самарјанка?
2 Исусовиот пример: Додека се одморал близу еден бунар, Исус почнал разговор со една Самарјанка која дошла да нацрпи вода. За време на разговорот, таа поставила неколку прашања што се однесувале на долгогодишното непријателство меѓу Евреите и Самарјаните. Исто така, ја изразила својата увереност дека Самарјаните потекнуваат од Јаков, иако Евреите тврделе дека Самарјаните потекнуваат од не-Евреи. Наместо да се расправа за тоа што го кажала, Исус задржал позитивен тон во разговорот. Затоа, можел да даде сведоштво кое ѝ помогнало нејзе и на луѓето од тој град (Јован 4:7-15, 39).
3. Како можеме да го следиме Исусовиот пример кога сме во служба?
3 Додека проповедаме, треба да ја имаме на ум нашата цел — да објавуваме „добра вест за она што е добро“ (Рим. 10:15). Сакаме на станарот да му пренесеме некоја пријатна и охрабрувачка мисла од Библијата, а не да му оставиме впечаток дека ги осудуваме неговите лични верувања. Ако изрази некаков погрешен став, не треба веднаш и отворено да му кажеме дека не е во право. Напротив, треба да побараме нешто во неговиот коментар со кое можеме да се согласиме или, пак, искрено да го пофалиме. Ако имаме можност да воведеме некој стих со зборовите: „Дали некогаш сте помислиле дека е можно да се случи ова?“
4. Што треба да правиме ако станарот нѐ навредува?
4 Како да постапиме ако станарот нѐ навредува или изгледа дека сака само да се расправа? Треба и понатаму да бидеме љубезни и благи (2. Тим. 2:24, 25). Ако не го интересира пораката за Царството, најдобро е тактично да го завршиме разговорот и да си заминеме (Мат. 7:6; 10:11-14).
5. Што постигнала една сестра затоа што одговорила љубезно?
5 Добри резултати: Кога една сестра се обидела да ѝ сведочи на својата сосетка, жената ѝ се развикала и ја опцула. Нашата сестра љубезно ѝ рекла: „Жал ми е што имате таков став. А сега, морам да одам. Пријатно“. По две недели, жената тропнала на вратата на сестрата, ѝ се извинила за своето однесување и рекла дека сега сака да ја сослуша. Благиот одговор честопати дава добри резултати! (Изр. 15:1; 25:15).
6. Зошто е важно нашиот говор да биде пријатен кога проповедаме?
6 Кога ја објавуваш добрата вест, обиди се твојот говор да биде пријатен. Дури и ако станарот не е заинтересиран, можеби ќе биде спремен да слуша следниот пат кога Јеховините сведоци ќе дојдат на неговата врата.