ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 18 стр. 143-стр. 144 пас. 4
  • Користење на Библијата при одговор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користење на Библијата при одговор
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Исправно да се применат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да ѝ дозволиме на Божјата Реч да ни помогне нам и на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Божјата Реч е делотворна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Да се дадат цврсти аргументи
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 18 стр. 143-стр. 144 пас. 4

СТУДИЈА 18

Користење на Библијата при одговор

Што треба да правиш?

Добро користи ја самата Библија кога одговараш на прашањата.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Нашиот налог е да ,ја проповедаме речта‘. Исус дал пример, велејќи: ,Не зборувам од себе‘ (2. Тим. 4:2; Јован 14:10).

КОГА нѐ прашуваат за нашите верувања, за нашиот начин на живот, за гледиштето во врска со актуелните настани, за надежта за иднината, ние настојуваме при одговорот да ја користиме Библијата. Зошто? Затоа што таа е Божја реч. Нашите верувања ги црпиме од Библијата. Нашиот начин на живот го темелиме на неа. Таа го обликува нашето гледиште за светските настани. Нашата надеж за иднината е цврсто вкоренета во библиските инспирирани ветувања (2. Тим. 3:16, 17).

Длабоко сме свесни за одговорноста што оди заедно со нашето име. Ние сме Јеховини сведоци (Иса. 43:12). Затоа на прашањата не одговараме на темел на некоја човечка филозофија, туку на темел на она што го кажува Јехова во својата инспирирана Реч. Точно, како поединци си имаме свои мислења за извесни работи, но дозволуваме Божјата реч да ги обликува нашите гледишта бидејќи сме цврсто уверени дека таа е вистината. Се разбира, Библијата ни дава слобода на личен вкус во многу работи. Наместо да им го наметнуваме нашиот вкус на другите, сакаме да поучуваме за начелата што се изложени во Писмото, дозволувајќи им на тој начин на нашите слушатели да ја употребат истата слобода на избор што ја имаме и ние. Слично на апостол Павле, настојуваме ,да унапредуваме послушност со помош на верата‘ (Рим. 16:26).

Во Откровение 3:14, Исус Христос е опишан како „верниот и вистинскиот сведок“. Како одговарал тој на прашањата и како се справувал со ситуациите на кои наидувал? Понекогаш на тој начин што користел илустрации со кои ги терал луѓето да размислуваат. Во други прилики така, што на оној што го прашувал му поставувал прашање за тоа како самиот тој разбира некој стих. Честопати на тој начин што цитирал стихови, ги парафразирал или алудирал на нив (Мат. 4:3-10; 12:1-8; Лука 10:25-28; 17:32). Во првиот век свитоците од Писмото обично се чувале во синагогите. Не постои доказ дека Исус имал лична колекција од тие свитоци, но добро го знаел Писмото и често се осврнувал на него кога ги поучувал другите (Лука 24:27, 44-47). Можел вистински да каже дека она за кое поучувал не било негово. Го зборувал она што го чул од својот Татко (Јован 8:26).

Наша желба е да го следиме Исусовиот пример. Ние лично не сме чуле како зборува Бог, како што го чул Исус. Но, Библијата е Божја реч. Кога ја користиме како темел за нашите одговори, избегнуваме да свртуваме внимание кон себеси. Покажуваме дека наместо да го изразуваме мислењето на некој несовршен човек, цврсто сме решени да дозволиме Бог да го има зборот во однос на тоа што е вистина (Јован 7:18; Рим. 3:4).

Се разбира, наша желба не е само да ја користиме Библијата, туку и да го правиме тоа на начин кој ќе биде најкорисен за нашиот слушател. Сакаме тој да нѐ слуша без предрасуди. Зависно од ставот на лицето, би можел да воведеш некои библиски мисли со зборовите: „Зарем не се сложувате дека тоа што е, всушност, важно е она што го вели Бог?“ Или, би можел да речеш: „Дали сте знаеле дека Библијата дискутира токму за тоа прашање?“ Ако разговараш со некого што нема почит кон Библијата, можеби ќе треба да употребиш малку поинаков вовед. Би можел да речеш: „Дозволете ми да го споделам со Вас ова древно пророштво“. Или, би можел да речеш: „Најдистрибуираната книга во човечката историја го кажува следново . . .“

Во некои случаи, можеби ќе одлучиш само да парафразираш некој стих. Меѓутоа, кога е можно, најдобро е да ја отвориш самата Библија и да прочиташ што кажува таа. Покажи му го стихот на лицето во неговата Библија секогаш кога е тоа практично. Ова директно користење на Библијата честопати има силен ефект врз луѓето (Евр. 4:12).

Христијанските старешини имаат посебна одговорност да ја користат Библијата кога одговараат на прашања. Една од квалификациите за некој брат да служи како старешина е тој ,цврсто да се држи за верната реч во поглед на својата уметност на поучување‘ (Тит 1:9). Можеби откако ќе добие совет од старешина, некој член на собранието ќе донесе сериозна одлука во животот. Колку само е важно овој совет цврсто да се темели на Писмото! Примерот на еден старешина во тој поглед може врз мнозина да влијае во нивниот начин на поучување.

КАКО ДА СТАНЕШ ПОВЕШТ

  • Читај ја Библијата секој ден. Имај добра програма на лично проучување.

  • Нека ти биде пракса да вклучуваш стихови во твоите коментари на собраниските состаноци.

  • Кога се соочуваш со некои прашања или ситуации, пред да одговориш или пред да донесеш одлука, секогаш прашај се: ,Што вели Библијата?‘

  • Кога за извесна работа не знаеш што кажува Библијата, не претпоставувај ниту, пак, давај лично мислење. Предложи да направиш истражување.

ВЕЖБА: Наброј едно до две прашања што ти биле поставени 1) во службата на теренот, 2) во врска со нешто што неодамна било јавено на вестите и 3) во врска со учеството во некоја популарна активност. За секое избери најмалку по еден стих што би одговарал да го користиш при одговорот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели