Песна 122
Да се однесуваме како ,помали‘
1. На Бога сите драги се
што негов совет следат,
кон Него се обраќаат
за благослов да жнеат.
Во својте гревој наследни
ќе треба ние сега
со понизност да учиме
за подложност на Бога.
2. ,Ко помал однесувај се‘,
ни дал нам совет Христос.
А тоа придонесува
за единство и љубов.
Тој пример дал извонреден,
бил љубезен и добар,
со срце и задоволство
бил подложен на Бога.
3. Зар не е мудро сега ти
на друг чест да му даваш.
И Исус умрел, сети се,
за братот што го имаш.
На сите Бог е спремен да
им дарува таленти.
Ко помали да бидеме,
со сите да сме добри.
4. Поглаварство кој признава,
тој свесен треба да е:
Па, не сме ние најважни,
но љубовта е пред сѐ.
А за да не се спрепнеме,
дух Божји ни е помош,
и понизни да бидеме,
со Бог во добар однос.