Семејната вечер во Календарот за 2011
Семејната вечер посветена на Јехова е тема на Календарот на Јеховините сведоци за 2011. Во него може да се видат семејства од денешно и од библиско време. Исто така се прикажани брачни двојки и самци како ја проучуваат Јеховината Реч.
Библиските личности прикажани во календарот уживале во Јеховиниот закон, а тоа многу им помогнало да се справат со своите тешкотии (Пс. 1:2, 3). Секоја слика од календарот ќе нѐ потсети колку е важна Семејната вечер посветена на Јехова, сеедно дали нашето семејство е големо или мало, духовно обединето или разделено. На календарот е оставено место каде што можеш да си запишеш која вечер во седмицата твоето семејство ја има посветено на Јехова. Дали го пополни?