Песна 116
Сѐ посветол станува патот
1. Пророците одамна чекале Бог
да покаже кој ќе нѐ спаси,
и Божјиот дух открил: Исус е тој
што нашиот грев ќе го плати.
Месијата дојде и сега е Цар,
а докази има без број.
И она што тајна со векови е
денес нам ни го јавува тој!
(РЕФРЕН)
Сѐ посветол станува патот,
вистината блеска ко ден!
Чекорите Бог ни ги води,
тој денес ни открива сѐ.
2. Господарот поставил доверлив роб
кој навреме храна ни дава.
До срце нѐ допре вистината нас,
патеката посветла стана.
Чекорите наши посигурни се,
и зората прејде во ден.
Од сѐ срце, Боже, благодарни сме
што вистината појасна е.
(РЕФРЕН)
Сѐ посветол станува патот,
вистината блеска ко ден!
Чекорите Бог ни ги води,
тој денес ни открива сѐ.
(Види и Рим. 8:22; 1. Кор. 2:10; 1. Пет. 1:12.)