Смело да проповедаме на деловно подрачје
1. Зошто не треба да се обесхрабриме ако нѐ плаши помислата да сведочиме на деловно подрачје?
1 Дали те плаши и самата помисла да проповедаш на деловно подрачје? Не се обесхрабрувај, зашто дури и Павле, кој бил смел и бестрашен проповедник, морал ‚да собере смелост‘ за да сведочи (1. Сол. 2:2). Ќе разгледаме некои вообичаени предизвици, но и практични предлози како да ги надминеме.
2. Зошто не треба да се плашиме дека ќе ги изнервираме вработените?
2 Дали вработените ќе се изнервираат ако ги прекинам? На многу места, вработените имаат задача да ги услужат муштериите и затоа очекуваат луѓето да ги прекинуваат. Обично ќе бидат љубезни зашто веројатно те сметаат за потенцијален муштерија. Ако си облечен пристојно и се однесуваш љубезно и пријателски, најверојатно и тие ќе се однесуваат така со тебе.
3. Што можеме да направиме за да не ги вознемируваме муштериите?
3 Ќе треба ли да сведочам пред голем број муштерии? Доколку е возможно, избери време кога нема многу народ во продавниците, на пример, веднаш штом ќе отворат. Почекај продавачот да е сам, па тогаш разговарај со него. Биди многу краток.
4. Што би можеле да речеме кога сведочиме на деловно подрачје?
4 Што да речам? Ако има неколку од вработените, разговарај со одговорниот. Би можел да речеш: „Тешко е да ги најдеме вработените дома, па дојдовме тука, на Вашето работно место. Знам дека сте на сред работа, затоа ќе бидам многу краток“. За да не помислат дека продаваме нешто, обично е најдобро да не ги спомнуваме доброволните прилози, доколку не нѐ прашаат како се финансира нашето дело. Во зависност од тоа за каков деловен објект станува збор, би можел да го замолиш одговорниот да ти дозволи накратко да зборуваш со вработените. Посведочи им и ним. Ако видиш дека некој од вработените е зафатен, заврши побрзо и остави му трактат. Ако не е возможно да зборуваш со вработените, прашај дали би можел да оставиш литература на некое практично место.
5. Кои причини ги имаме за смело да сведочиме на деловно подрачје?
5 Кога наидувале на луѓе што биле зафатени со работа, и Исус и Павле смело им проповедале, а можеш и ти (Мат. 4:18-21; 9:9; Дела 17:17). Моли го Јехова да ти помогне да бидеш смирен и смел (Дела 4:29). На деловно подрачје ретко нема да најдеш некого „дома“. Затоа, зошто не се обидеш на ова плодно подрачје?