ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 11-15
Јов бил уверен дека ќе има воскресение
Јов ја изразил својата доверба дека Бог може да го воскресне
Јов употребил дрво — по сѐ изгледа маслинка — за да ја изрази својата доверба дека Бог може да го воскресне.
Разгранетите корења на маслиновото дрво му овозможуваат повторно да порасне дури и кога стеблото му е уништено. Сѐ додека корењата се живи, тоа повторно ќе пушти фиданки.
Откако ќе падне дожд по некоја голема суша, исушената пенушка на маслинката повторно може да заживее и да „пушти гранки како младо растение“.