ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fg лекција 13 прашања 1-4
  • Што ќе се случи со религиите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ќе се случи со религиите?
  • Добра вест од Бог!
  • Сличен материјал
  • Што ќе се случи со религиите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како многуте религии го прикажуваат Бог во лошо светло?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Ослободување од лажната религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Држи се настрана од лажната религија!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Добра вест од Бог!
fg лекција 13 прашања 1-4

ЛЕКЦИЈА 13

Што ќе се случи со религиите?

1. Дали сите религии се добри?

Човек ја чита Библијата

Во секоја религија има искрени верници. Добра вест е тоа што Бог мисли на нив и му се важни. Сепак, жално е што во името на религијата се прават многу лоши работи (2. Коринќаните 4:3, 4; 11:13-15). Според новинските извештаи, некои религии се вмешани дури и во тероризам, геноцид, војни и злоупотреба на деца. Колку сето ова ги разочарува оние што искрено веруваат во Бог! (Прочитај Матеј 24:3-5, 11, 12.)

Вистинската религија го прославува Бог, додека лажната религија му нанесува срам. Лажната религија шири учења кои не се темелат на Библијата, на пример, погрешни учења за Бог и за мртвите. Но, Јехова сака луѓето да ја знаат вистината за него. (Прочитај Езекиел 18:4; 1. Тимотеј 2:3-5.)

2. Што ќе се случи со религиите?

Бог не може да биде измамен од религиите кои тврдат дека го сакаат него, но всушност го сакаат светот на Сатана (Јаков 4:4). Во Божјата Реч, сите лажни религии се наречени „Големиот Вавилон“. Вавилон е еден древен град кој станал лулка на лажната религија по Потопот во времето на Ное. Наскоро, Бог сосема ненадејно ќе им стави крај на религиите што ги заведуваат и ги угнетуваат луѓето. (Прочитај Откровение 17:1, 2, 5, 16, 17; 18:8.)

Но, има уште една добра вест. Јехова не ги заборавил искрените луѓе кои припаѓаат на лажните религии низ целиот свет. Тој ги обединува овие луѓе со тоа што ги поучува за вистината. (Прочитај Михеј 4:2, 5.)

3. Што треба да направат искрените луѓе?

Луѓе си разговараат после еден христијански состанок

Вистинската религија ги обединува луѓето

На Јехова му се важни луѓето кои го сакаат она што е исправно и добро. Тој ги поттикнува да ја напуштат лажната религија. Луѓето што го сакаат Бог се спремни да се менуваат за да му угодат. (Прочитај Откровение 18:4.)

Во првиот век, кога искрените луѓе ја чуле добрата вест од апостолите, со радост ја прифатиле. Од Јехова научиле да водат еден сосема нов живот, кој имал смисла, ги правел посреќни и ги исполнил со надеж. Тие се убав пример за нас бидејќи ја прифатиле добрата вест и го ставиле Јехова на прво место во животот. (Прочитај 1. Солуњаните 1:8, 9; 2:13.)

Јехова срдечно го повикува во своето семејство од верни слуги секој што ја напушта лажната религија. Ако и ти ја прифатиш неговата покана, тој ќе ти биде пријател, ќе имаш ново и прекрасно семејство од соверници, како и вечен живот. (Прочитај Марко 10:29, 30; 2. Коринќаните 6:17, 18.)

4. Како ќе завладее радост на целата Земја?

Добра вест е дека наскоро лажните религии ќе бидат уништени. Тоа ќе им донесе на сите луѓе олеснување од нивниот стисок. Никогаш повеќе лажните религии нема да ги заведуваат ниту да ги разединуваат луѓето. Сите обединето ќе му служат само на единствениот вистински Бог. (Прочитај Откровение 18:20, 21; 21:3, 4.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавја 15 и 16 од книгата Што навистина учи Библијата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели