Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
4-10 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗЕКИЕЛ 42-45
„Обнова на вистинското обожавање“
it-2-E 1082, пас. 2
Храм
Во 593 пр.н.е., 14 години по уништувањето на Ерусалим и Соломоновиот храм, Езекиел, кој служел и како свештеник и како пророк, во видение бил одведен на висока планина и видел голем храм посветен на Јехова (Езе 40:1, 2). Езекиел требало на Израелците да им објави сѐ што видел. Видението требало да ги посрами неверните изгнаници и да ги поттикне да се покаат, а на верните требало да им даде утеха (Езе 40:4; 43:10, 11). Во ова видение се дадени прецизни мерки. Како мерни единици се користат „трска“ (долга трска од 3,11 метри) и „лакот“ (долг лакот од 51,8 сантиметри) (Езе 40:5, фус.). Бидејќи мерките биле прецизно наведени, некои веруваат дека храмот што го изградил Зоровавел после изгнанството требало да биде изграден според видението на Езекиел. Но, нема никакви докази за тоа.
it-2-E 140
Правда
Јехова отсекогаш со право очекувал од оние што сакаат да му угодат да живеат според неговите праведни мерила (Иса 1:17, 18; 10:1, 2; Ере 7:5-7; 21:12; 22:3, 4; Езе 45:9, 10; Ам 5:15; Мх 3:9-12; 6:8; Зх 7:9-12).
11-17 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗЕКИЕЛ 46-48
Најди духовни бисери
it-2-E 1001
Син човечки
Во хебрејските списи овој израз најчесто се среќава во книгата Езекиел каде што Бог преку 90 пати му се обраќа на пророкот со зборовите „сине човечки“ (Езе 2:1, 3, 6, 8). Јехова му се обраќа на Езекиел со тие зборови за да го потсети овој пророк дека е суштество од крв и месо, и со тоа ја истакнува големата разлика што постои помеѓу гласникот, кој е човек, и Бог, од кого доаѓа пораката. Истиот израз се користи и за пророкот Даниел во Даниел 8:17.
25 СЕПТЕМВРИ — 1 ОКТОМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДАНИЕЛ 4-6
Најди духовни бисери
w89 1/2 32, пас. 3-5
Прашања од читателите
Кога Евреинот Даниел конечно бил донесен пред царот, царот ја повторил својата понуда: да го облечат Даниел во пурпур, да му стават златен синџир и да го направат трет во царството. Пророкот одговорил: „Твоите дарови нека ти останат тебе, и своите подароци дај им ги на други. А јас ќе му го прочитам овој натпис на царот и ќе му го кажам неговото значење“ (Даниел 5:17).
Немало потреба Даниел да добие мито или некаква плата за да го протолкува натписот. Царот можел да си ги задржи своите дарови или пак да ги даде на некој друг. Даниел ги објаснил зборовите, не за награда, туку затоа што бил овластен од вистинскиот Бог Јехова, кој наскоро ќе изршел осуда врз Вавилон.
Во Даниел 5:29 гледаме дека откако Даниел ги прочитал и ги протолкувал зборовите, царот сепак наредил Даниел да ја добие наградата. Но, Даниел не си ја облекол облеката сам ниту пак си го ставил синџирот. Му биле ставени по наредба на царот Валтазар. Сепак, ова не е контрадикторно со Даниел 5:17 од каде јасно се гледа дека она што го направил пророкот не било од себични мотиви.