ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Јануари стр. 8
  • Зошто е важно прво да се помириш со братот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто е важно прво да се помириш со братот?
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Што да сторите кога ќе ги навредите другите
    Разбудете се! 1996
  • Како ти ги решаваш споровите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Решавај ги несогласувањата со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Внимавај да не спрепнеш „ниту еден од овие маливе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Јануари стр. 8

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Зошто е важно прво да се помириш со братот?

Еден човек ја остава својата жртва кај жртвеникот и оди да се помири со својот брат

Замисли си дека живееш во Галилеја во времето на Исус. Си дошол од далеку за да присуствуваш на Празникот на сениците во Ерусалим. Градот е преполн со луѓе кои дошле од далечни места за овој празник. Подготвен си да му принесеш дар на Јехова. Со себе носиш коза и едвај успеваш да се пробиеш низ преполните улици кои водат до храмот. Стигнуваш до храмот и гледаш толку многу луѓе кои чекаат да го принесат својот дар. Конечно дојде и твојот ред да им го предадеш дарот на свештениците. Но во тој момент ти прелетува мислата дека твојот брат, кој можеби е во твоја близина или некаде во градот, има нешто против тебе. Исус објаснил како треба да постапиш во ваква ситуација. (Прочитај Матеј 5:24.) Во склад со зборовите на Исус, што треба да направите ти и твојот брат за да се помирите? Во рамките подолу, штиклирај што е исправно.

ТИ ТРЕБА...

  • да зборуваш со братот само ако мислиш дека има добра причина да биде лут

  • да пробаш да го исправиш братот ако сметаш дека е пречувствителен или дека ти префрла дел од вината и тебе

  • внимателно да го ислушаш додека тој објаснува како се чувствува, дури и ако потполно не го разбираш, и од срце да му се извиниш што си предизвикал да се чувствува лошо или затоа што ненамерно си го повредил

ТОЈ ТРЕБА...

  • да им кажува на другите од собранието колку си му згрешил за тие да застанат на негова страна

  • да ти се развика и да ти образложи до најситен детаљ каде си згрешил и да те натера да признаеш дека ти си крив

  • да биде свесен колку голема понизност и храброст ти биле потребни за да му пристапиш, и од срце да ти прости

Иако денес не принесуваме животински жртви, од она што го кажал Исус, како нашиот однос со браќата влијае врз нашата служба за Бог?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели