Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
7-13 ЈАНУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 21-22
Најди духовни бисери
nwtsty белешка за Де 22:16
измиј ги своите гревови, повикувајќи го неговото име: Или „измиј ги своите гревови и повикувај го неговото име“. Гревовите на еден човек ќе бидат „измиени“ не со тоа што ќе се крсти во вода, туку со тоа што ќе го повикува името Исус. Тоа вклучува да има вера во Исус и да ја покаже таа вера преку дела што се соодветни за еден христијанин (Де 10:43; Јк 2:14, 18).
14-20 ЈАНУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 23-24
Најди духовни бисери
nwtsty белешка за Де 23:6
јас сум фарисеј: Некои од присутните го познавале Павле (Де 22:5). Бидејќи знаеле дека станал ревносен христијанин, им било јасно дека не сака лажно да се претстави. Кога тој рекол дека е син на фарисеи, фарисеите од Судскиот совет сфатиле дека сака да каже дека потекнува од фарисејско семејство и дека има нешто заедничко со нив. Со тоа што рекол дека е фарисеј, Павле им дал до знаење дека, за разлика од садукеите, тој верува во воскресение. На тој начин поставил заеднички темел со фарисеите кои биле присутни и кои исто така верувале во воскресение. Очигледно, се надевал дека со тоа спорно прашање некои од членовите на Судскиот совет ќе застанат на негова страна, и токму тоа се случило (Де 23:7-9). Оваа изјава на Павле во Де 23:6 е во склад и со она што го кажал за себе подоцна, кога ја изнесувал својата одбрана пред царот Агрипа (Де 26:5). А кога од Рим им пишал на сохристијаните во Филипи, Павле повторно спомнал дека во минатото бил фарисеј (Фп 3:5). Интересно е да се забележи и дека според Де 15:5 некои христијани сѐ уште биле познати како поранешни фарисеи.
nwtsty белешка за Де 24:24
Друзила: Третата и најмала ќерка на Ирод кој е спомнат во Де 12:1, односно Ирод Агрипа I. Таа била родена околу 38 год. од н.е. и им била сестра на Агрипа II, на Верника и на Маријам III. Управителот Феликс ѝ бил втор сопруг. Таа претходно била мажена за сирискиот цар Азизус од Емеса, но се развела од него и се омажила за Феликс некаде во 54 год. од н.е., кога имала околу 16 години. Можеби и таа била присутна кога Павле му зборувал на Феликс „за праведноста, за самосовладувањето и за судот што ќе дојде“ (Де 24:25). Кога Феликс му ја предал управителската власт на Фест, го оставил Павле „во окови“ бидејќи сакал „да им угоди на Евреите“. Некои сметаат дека го направил тоа за да ѝ угоди на својата млада жена, која била Еврејка (Де 24:27).
28 ЈАНУАРИ — 3 ФЕВРУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 27-28
Најди духовни бисери
nwtsty белешка за Де 27:9
есенскиот пост за Денот на очистувањето: Буквално: „постот“. Грчкиот израз за „постот“ се однесува на единствениот пост кој е пропишан со Мојсеевиот закон, односно постот поврзан со Денот на очистувањето, кој се одржувал еднаш годишно, а е наречен и Јом Кипур (хебрејски: јом акипурим, „денот на покривањето [на гревовите]“) (3Мо 16:29-31; 23:26-32; 4Мо 29:7). Општоприфатено мислење е дека изразот „жалостете ги своите души“, кој се користи во поврзаност со Денот на очистувањето, означува разни изрази на каење, вклучувајќи и постење (3Мо 16:29, фус.). Тоа што во Де 27:9 се користи зборот „пост“ ја поддржува идејата дека постењето било главен начин на кој се изразувало каење на Денот на очистувањето. Есенскиот пост за Денот на очистувањето се одржувал некаде при крајот на септември или во почетокот на октомври.
nwtsty белешка за Де 28:11
знакот на Диоскур: Според грчката и римската митологија, богот Зевс (Јупитер) и спартанската кралица Леда имале синови кои биле близнаци и се викале Кастор и Полукс. Овие двајца близнаци на грчки биле познати под името Диоскур, што значи „синови на Зевс“. Меѓу другото, тие биле сметани и за заштитници на морнарите, односно дека имале способност да ги спасат морепловците кои се наоѓале во опасност. Овој детаљ за клунот на бродот е уште еден доказ дека извештајот го пишувал очевидец на настанот.