ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb19 Февруари стр. 7
  • Стани повешт во службата — кога да прекинеш некој библиски курс

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стани повешт во службата — кога да прекинеш некој библиски курс
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Сличен материјал
  • Храброст
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Сите можеме да им помагаме на интересентите да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (прв дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
mwb19 Февруари стр. 7
Еден брат зборува со својот интересент

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — кога да прекинеш некој библиски курс

ЗОШТО Е ВАЖНО: За да бидат спасени, луѓето мора да го повикуваат името на Јехова (Ри 10:13, 14). Но, иако некои сакаат да ја проучуваат Библијата, не се спремни да живеат според Јеховините мерила. Затоа, најдобро ќе го искористиме нашето време во службата ако им помагаме на оние што се вистински спремни да прават промени за да му угодат на Јехова. Ако еден интересент не покажува знаци на напредок по извесен временски период, мудро е да прекинеме да проучуваме со него и да им посветиме внимание на оние што Јехова ги привлекува кон себе и кон својата организација (Јвн 6:44). Се разбира, ако тоа лице во иднина почне да прави промени и така покаже дека исправно гледа „на вечниот живот“, ќе ни биде мило пак да почнеме да проучуваме со него (Де 13:48).

КАКО ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА:

  • Пофали го интересентот затоа што сака да учи за Библијата (1Ти 2:4).

  • Истакни колку е важно да го применува она што го научил (Лк 6:46-49).

  • На љубезен начин објасни ја споредбата на Исус за сејачот, и поттикни го да размисли што го спречува да прави промени (Мт 13:18-23).

  • Тактично објасни му зошто ќе прекинете да проучувате.

  • Кажи му дека одвреме-навреме ќе му се јавуваш или ќе го посетуваш за да го охрабриш, и дека во иднина би можеле да продолжите со проучувањето ако почне да прави промени.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како од овој разговор се гледа дека кај интересентот нема напредок во духовен поглед?

  • Како објавителот му помогна на интересентот да сфати дека е неопходно да прави промени?

  • Како објавителот остави простор библискиот курс да продолжи во иднина?

Пред да прекинеш некој библиски курс, моли го Јехова за мудрост. Земи ја предвид возраста на интересентот, како и други ограничувања што можеби ги има. Сепак, размисли дали има барем некакви показатели за духовен напредок.

  • Дали се држи за договорениот термин кога треба да проучувате?

  • Дали го подготвува материјалот?

  • Дали доаѓа на состаноци?

  • Дали прави промени на темел на библиските начела?

  • Дали им кажува на другите за она што го учи?

  • Дали почнал да се оддалечува од лажната религија?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели