Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
4-10 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | РИМЈАНИТЕ 12-14
„Што значи да се покажува христијанска љубов“
it-1-E стр. 55
Љубов
Секој член на христијанското собрание треба да покажува братска љубов (грчки: филаделфија; Ри 12:10; Ев 13:1; види и 1Пе 3:8). Исто како што во едно семејство има блискост, приврзаност и топлина, таков однос треба да владее и во собранието. Иако браќата и сестрите веќе покажуваат таква љубов, поттикот е да го прават тоа во уште поголема мера (1Со 4:9, 10).
Грчкиот збор филосторгос, кој е преведен со „сакајте се срдечно“, укажува на блискост и приврзаност. Стерго — коренот на вториот дел од овој сложен збор — честопати се користи за да се опише љубовта која луѓето природно ја чувствуваат како, на пример, кон членовите на своето семејство. Апостол Павле ги поттикнал христијаните да ја развиваат оваа особина (Ри 12:10). Исто така, тој истакнал дека во последните денови повеќето луѓе ќе бидат „без љубов кон членовите на семејството“ (грчки: асторги) и дека тие заслужуваат смрт (2Ти 3:3, фус.; Ри 1:31, 32).
11-17 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | РИМЈАНИТЕ 15-16
Најди духовни бисери
w89-E 1/12 стр. 24, пас. 3
Дали искрено ги сакаш другите?
Кога христијаните во Ерусалим се нашле во тешка ситуација, нивните браќа кои не биле Евреи им помогнале поттикнати од љубов. На некој начин, тие им биле должници на христијаните во Ерусалим. Токму Ерусалим било местото од каде што добрата вест почнала да се шири и кај не-Евреите. Павле рекол: „Го сторија тоа од сѐ срце. Се чувствуваа должни спрема нив. Сметаа дека, ако Евреите ги поделија духовните богатства со другите народи, ред е и тие да им помогнат со материјални добра“ (Римјаните 15:27, Радосна Вест).
it-1-E стр. 858, пас. 5
Предвидување, претскажување
Месијата, односно Христос, бил ветеното потомство преку кое требало да бидат благословени сите праведни луѓе на Земјата (Га 3:8, 14). Тоа „потомство“ првпат било спомнато откако се случила побуната во рајската градина, но пред да се роди Авел (1Мо 3:15). Поминале околу 4.000 години пред да биде разоткриена „светата тајна“, односно да се открие кој е ветеното потомство. Според тоа, таа тајна навистина била скриена „долго време“ (Ри 16:25-27; Еф 1:8-10; 3:4-11).
18-24 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. КОРИНЌАНИТЕ 1-3
Најди духовни бисери
it-2-E стр. 1193, пас. 1
Мудрост
Во својата мудрост, светот го отфрлил како глупост она што Бог ни го овозможил преку Христос. „Владетелите на овој свет“ можеби биле интелигентни и способни управители, но сепак го приковале Господарот на столб (1Ко 1:18; 2:7, 8). Од друга страна, Бог покажал дека мудроста на светот е глупост. Тој ги посрамува „мудреците на овој свет“ така што ја остварува својата намера преку она што тие го сметаат за Божја „глупост“, како и со помош на луѓе што за нив се глупави, слаби и неблагородни (1Ко 1:19-28). Павле ги потсетил христијаните во Коринт дека „мудроста на овој свет [и] на владетелите на овој свет... ќе отиде во пропаст“; затоа пораката што ја проповедале апостолите не содржела таква мудрост (1Ко 2:6, 13). А христијаните во Колоси ги предупредил да внимаваат да не бидат заведени „со мудрување [филозофија, буквално: љубов кон мудроста] и со празна измама, која се темели на човечки преданија“ (Кол 2:8; спореди со стихови 20-23).
25-31 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. КОРИНЌАНИТЕ 4-6
„Малку квасец го потквасува целото тесто“
it-2-E стр. 869-870
Сатана
Што значат зборовите „таквиот да го предадете на Сатана за да се отстрани телесното влијание“?
Кога апостол Павле му дал упатства на собранието во Коринт како да се постапи со еден христијанин кој бил толку расипан што вршел инцест со жената на својот татко, тој напишал: „Таквиот да го предадете на Сатана за да се отстрани телесното влијание“ (1Ко 5:5). Ова било заповед да го исклучат тој човек од собранието и повеќе да немаат никаков контакт со него (1Ко 5:13). Тие ќе го предале на Сатана во таа смисла што повеќе немало да биде дел од собранието, туку од светот, чиј владетел и бог е Сатана. Исто како што „малку квасец го потквасува целото тесто“, така преку овој човек собранието било изложено на телесно влијание. Со тоа што ќе го исклучеле тој неморален човек, ќе го отстранеле „телесното влијание“ од собранието и ќе ја зачувале духовноста (1Ко 5:6, 7). Слично на тоа, Павле ги предал Именеј и Александар на Сатана, бидејќи ги отфрлиле верата и чистата совест и доживеале бродолом во верата (1Ти 1:20).
lvs-E стр. 241, фуснота
Исклучување
Кога некој што направил сериозен грев не се кае и не сака да живее според Јеховините мерила, тој повеќе не може да биде дел од собранието — мора да биде исклучен. А кога некој е исклучен, повеќе не се дружиме и не зборуваме со него (1. Коринќаните 5:11; 2. Јованово 9-11). Со исклучувањето се штитат Јеховиното име и собранието (1. Коринќаните 5:6). Исто така, тоа претставува дисциплинска мерка која може да му помогне на оној што згрешил да се покае и да се врати кај Јехова (Лука 15:17).
▸ Поглавје 3, пасус 19
Најди духовни бисери
it-2-E стр. 211
Закон
За ангелите. Ангелите, кои се повисок облик на живот од луѓето, се подложни на законот и на заповедите на Бог (Ев 1:7, 14; Пс 104:4). Јехова дури му дал забрани и ограничувања на својот противник Сатана (Јов 1:12; 2:6). Архангелот Михаел покажал дека ја прифаќа и ја почитува улогата на Јехова како Врховен Судија. Кога имал спор со Ѓаволот, тој му рекол: „Јехова нека те прекори“ (Ју 9; спореди Зх 3:2). Јехова Бог му дал власт на Исус Христос и го поставил над сите ангели (Ев 1:6; 1Пе 3:22; Мт 13:41; 25:31; Фп 2:9-11). Затоа Исус можел да испрати еден ангел кај Јован (От 1:1). Но, во 1. Коринќаните 6:3 апостол Павле спомнал дека духовните браќа на Христос ќе им судат на ангели, очигледно затоа што и тие ќе учествуваат во извршувањето на осудата врз злобните духовни суштества.