ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • th лекција 7 стр. 10
  • Точни и уверливи информации

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Точни и уверливи информации
  • Посвети се на читањето и поучувањето
  • Сличен материјал
  • Точност на изјавата
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се воведат стиховите на соодветен начин
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Да се истакне практичната корист
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Користење прашања
    Посвети се на читањето и поучувањето
Повеќе
Посвети се на читањето и поучувањето
th лекција 7 стр. 10

ЛЕКЦИЈА 7

Точни и уверливи информации

Наведен стих

Лука 1:3

ЦЕЛ: Користи докази од проверени извори за да им помогнеш на слушателите да дојдат до исправен заклучок.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Користи информации од веродостојни извори. Она што го зборуваш треба да се темели на Божјата Реч. Секогаш кога е можно, читај директно од неа. Ако сакаш да спомнеш некој научен факт или некоја вест, нешто што му се случило некому или, пак, друга информација која ќе го потврди она што го кажуваш, провери однапред дали е од веродостоен извор. Внимавај да не изнесуваш застарени информации.

  • Користи ги информациите на исправен начин. Објасни ги стиховите во склад со контекстот, со целокупната порака на Библијата и со она што стои во публикациите од „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). Ако користиш информации од световни извори, тие треба да бидат во склад со контекстот од кој се земени и во склад со намерата на писателот.

    Практичен совет

    Немој да ги преувеличуваш фактите и бројките. На пример, внимавај да не кажеш „повеќето луѓе“ наместо „некои луѓе“, „секогаш“ наместо „понекогаш“ или „најверојатно“ наместо „можеби“.

  • Помогни им на слушателите да дојдат до логичен заклучок на темел на доказите што им ги изнесуваш. Откако ќе прочиташ некој стих или ќе цитираш друга информација, постави промислени прашања или наведи пример за да можат слушателите самите да извлечат заклучок.

ВО СЛУЖБАТА

Кога се подготвуваш за служба, размисли на какви прашања можеби ќе наидеш и истражувај за да видиш како би можел да одговориш. Ако соговорникот ти постави прашање на кое не можеш да одговориш, кажи му дека ќе истражиш за да го најдеш одговорот и дека ќе му го кажеш следниот пат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели