ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 40 стр. 223-стр. 225 пас. 3
  • Точност на изјавата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Точност на изјавата
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Точни и уверливи информации
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Како се истражува
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Извлечи целосна корист од читањето на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Проповедај за да правиш ученици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 40 стр. 223-стр. 225 пас. 3

СТУДИЈА 40

Точност на изјавата

Што треба да правиш?

Пренесувај информации што се потполно согласни со фактите.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Точноста на она што го кажуваш остава поволен впечаток за тебе, за организацијата на која ѝ служиш и за Богот кого го обожаваш.

ЗОШТО би можел еден христијанин да даде изјава што не е точна? Можеби едноставно повторува нешто што чул, без да одвои време да ги провери фактите. Или, пак, можеби преувеличува нешто бидејќи неточно го прочитал изворниот материјал без да е свесен за тоа. Кога обрнуваме грижливо внимание на точноста, дури и во ситни работи, нашите слушатели ќе увидат дека можат да имаат доверба во вистинитоста на поважните аспекти од нашата порака.

Во службата на теренот. Сфаќајќи дека имаат уште многу да учат, многумина се колебаат да започнат со службата на теренот. Сепак, таквите брзо увидуваат дека се во состојба да дадат делотворно сведоштво, дури и само со основно спознание на вистината. Како? Клучот лежи во подготовката.

Пред да излезеш во службата на теренот, запознај се со темата за која сакаш да дискутираш. Обиди се да ги предвидиш прашањата што би можеле да ти ги постават слушателите. Истражувај за да добиеш задоволителни одговори, темелени на Библијата. Тоа ќе те подготви да дадеш точни одговори во една опуштена душевна состојба. Дали ќе водиш библиска студија? Разгледај го внимателно материјалот за проучување. Увери се дека го разбираш библискиот темел за одговорите на печатените прашања.

Што ако станарот или колегата на работа ти постави прашање на кое не си подготвен да одговориш? Ако не си сигурен во фактите, спротивстави се на искушението да нагаѓаш. „Срцето на праведникот медитира за да одговори“ (Посл. 15:28, NW). Потребната помош можеш да ја најдеш во книгата Резонирање на темел на Писмото или во „Библиски теми за разговор“, ако ги има на твојот јазик. Ако ја немаш ниедна од овие, предложи да направиш истражување и да навратиш. Доколку оној што го поставил прашањето е искрен, нема да му биде проблем да го почека точниот одговор. Можеби ќе биде поволно импресиониран од твојата понизност.

Работењето во служба на теренот со искусни објавители може да ти помогне да развиеш вештина исправно да ракуваш со Божјата реч. Набљудувај кои стихови тие ги користат и како резонираат на темел на нив. Понизно прифати ги сите предлози или исправки што ќе ти се дадат. Ревносниот ученик Аполо извлекол корист од помошта што ја добил од другите. Лука го опишал Аполо како „речовит“, „добро упатен“ и ,кој зрачел со духот‘, човек што ,говорел и поучувал за Исус со точност‘. Сепак, во неговото разбирање имало јаз. Кога го забележале тоа, Прискила и Акила ,го примиле кај себе и поточно му го образложиле Божјиот пат‘ (Дела 18:24-28).

,Цврсто да се држиме за верната реч.‘ Нашите презентации на состаноците треба да одразуваат високо ценење за улогата што ја игра собранието како „столб и потпора на вистината“ (1. Тим. 3:15). За да ја поддржуваме вистината, важно е да ја сфаќаме смислата на стиховите што планираме да ги користиме во говорите. Земи го предвид нивниот контекст и нивната намера.

Она што ќе го кажеш на еден собраниски состанок може да се повтори. Се разбира, „сите ние се спрепнуваме многу пати“ (Јак. 3:2). Но, ќе извлечеш корист ако развиваш навики што придонесуваат за точно говорење. Многу браќа што се запишани во Теократската школа за служба, со текот на времето, ќе станат старешини. Од оние на кои им е доверена таква одговорност се очекува „повеќе од обично“ (Лука 12:48). Ако невнимателно даде погрешен совет од кој ќе произлезат сериозни проблеми за членовите на собранието, еден старешина би можел да си навлече Божје незадоволство (Мат. 12:36, 37). Затоа, братот што се квалификува за старешина мора да биде познат по тоа што „цврсто се држи за верната реч во поглед на својата уметност на поучување“ (Тит 1:9).

Внимавај твоите заклучоци да се сложуваат со „образецот на здрави зборови“, кој се гледа во целокупната библиска вистина (2. Тим. 1:13). Ова не треба да те плаши. Можеби допрва треба да завршиш со читањето на целокупната Библија. Продолжи да работиш на тоа. Но, во меѓувреме, забележи како следниве предлози можат да ти помогнат да го анализираш материјалот што мислиш да го употребиш при твоето поучување.

Најпрвин, запрашај се: ,Дали овој материјал е во согласност со она што веќе сум го научил од Библијата? Дали ќе ги привлече моите слушатели кон Јехова, или на пиедестал ќе ја стави мудроста на светот ,охрабрувајќи ги луѓето да се водат според неа?‘ Исус рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17; Втор. 13:1-5; 1. Кор. 1:19-21). Потоа, добро употреби ги алатките за проучување што ги обезбедува класата на верниот и разборит роб. Тие ќе ти помогнат не само исправно да ги разбереш стиховите туку и да ги примениш со рамнотежа и разумност. Ако ги темелиш говорите на „образецот на здрави зборови“ и се потпираш на Јеховиниот канал кога ги објаснуваш стиховите и нивната примена, твоите изјави ќе бидат точни.

Да се провери точноста на информациите. Текуштите настани, цитатите и искуствата можат да помогнат кога илустрираш извесни точки и ја објаснуваш нивната примена. Како да бидеш сигурен дека се точни? Еден начин е тие работи да ги земеш од доверливи извори. Немој да заборавиш да провериш дали информациите се современи. Статистичките податоци застаруваат; научните откритија брзо стануваат надминати од други; и како што човекот напредува во разбирањето на историјата и на древните јазици така треба да се ревидираат заклучоците темелени на претходното спознание. Покажувај голема претпазливост ако мислиш да употребиш информации од весници, телевизија, радио, електронска пошта или од Интернет. Пословици 14:15 советува: „Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор“. Прашај се: ,Дали тој извор е на добар глас по својата точност? Можат ли на некој друг начин да се потврдат информациите?‘ Ако се сомневаш во вистинитоста на некоја вест, отфрли ја.

Освен што треба да ја провериш веродостојноста на изворите, размисли внимателно како планираш да ги употребиш информациите. Увери се дека користењето цитати и статистички податоци е во согласност со контекстот од кој се земени. Во обид делотворно да се изразиш, внимавај „некои луѓе“ да не станат „мнозинството луѓе“, „многу луѓе“ да не станат „сите“ и „во некои случаи“ да не стане „секогаш“. Претерувањето или преувеличувањето на извештаи во кои станува збор за број, размер или сериозност, ја доведува во прашање веродостојноста.

Кога постојано е точно она што го зборуваш, ќе станеш познат како човек што ја почитува вистината. Ова остава поволен впечаток за Јеховините сведоци како група. А што е уште поважно, тоа му донесува чест на „Јехова, Богот на вистината“ (Псал. 31:5, NW).

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Спротивстави се на притисокот да дадеш одговор кога не си сигурен.

  • Своите коментари темели ги на „образецот на здрави зборови“ во Библијата.

  • Истражи ја својата тема.

  • Провери ја точноста на статистичките податоци, цитатите и искуствата, и користи ги без преувеличување. Избегнувај да нагаѓаш детали на кои јасно не се сеќаваш.

ВЕЖБА: Замоли некој зрел Сведок да те слуша и да ја провери точноста на она што го кажуваш додека со сопствени зборови го објаснуваш следново: 1) Каква личност е Јехова, и од каде го знаеш тоа? 2) Зошто Исус го положил својот живот како жртва, и како можеме да извлечеме корист од тоа? 3) Што прави Исус Христос од времето кога е востоличен за Цар па наваму?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели