ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • th лекција 2 стр. 5
  • Природност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Природност
  • Посвети се на читањето и поучувањето
  • Сличен материјал
  • Воодушевеност
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Природност
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се зборува со увереност
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Срдечност и сочувство
    Посвети се на читањето и поучувањето
Повеќе
Посвети се на читањето и поучувањето
th лекција 2 стр. 5

ЛЕКЦИЈА 2

Природност

Наведен стих

2. Коринќаните 2:17

ЦЕЛ: Зборувај природно и искрено за да можат слушателите да видат дека навистина се грижиш за нив и дека си уверен во она што им го кажуваш.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Подготви се темелно и под молитва. Моли го Јехова да ти помогне да не се концентрираш на себеси, туку на она што сакаш да го кажеш. Имај ги на ум клучните мисли. Изразувај се со свои зборови; немој само да го рецитираш од збор до збор она што е напишано.

    Практичен совет

    Ако имаш намера да читаш нешто од Библијата или од друга публикација, разгледај го текстот однапред за да можеш течно да го прочиташ. Ако се цитирани нечии зборови, читај ги со чувства, но внимавај да не звучиш извештачено и театрално.

  • Зборувај искрено и од срце. Размислувај зошто е важно другите да го слушнат она што сакаш да го кажеш. Мисли на нив. Тогаш твојата искрена заинтересираност и срдечност ќе можат да се видат и во твоето држење, гестови и израз на лицето.

    Практичен совет

    Да бидеш природен не значи дека не треба да внимаваш како се изразуваш. Она што го кажуваш треба да звучи достоинствено. Затоа, труди се да зборуваш јасно и да користиш правилна граматика.

  • Гледај во оние на кои им се обраќаш. Гледај ги другите во очи кога зборуваш. Додека држиш говор, одвреме-навреме погледнувај во некој од присутните наместо цело време да гледаш во една точка или, пак, само да прелетуваш со погледот над целата публика.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели