ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 92 стр. 216-стр. 217 пас. 7
  • Само еден лепрозен покажал благодарност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Само еден лепрозен покажал благодарност
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Десетмина лепрозни се излекувани при Исусовото последно патување во Ерусалим
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали не забораваш да кажеш „благодарам“?
    Учи од Големиот Учител
  • Исус правел многу чуда
    Поуки од Библијата
  • На што го трошиш времето во овој „ден на добрите вести“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 92 стр. 216-стр. 217 пас. 7
Еден од десетте лепрозни што Исус ги излекувал се враќа за да му се заблагодари на Исус

ПОГЛАВЈЕ 92

Само еден лепрозен покажал благодарност

ЛУКА 17:11-19

  • ИСУС ИЗЛЕКУВАЛ ДЕСЕТМИНА ЛЕПРОЗНИ

Исус отишол во градот Ефрем, некаде североисточно од Ерусалим, и така ги осуетил плановите на Судскиот совет. Со своите ученици останал таму, далеку од очите на непријателите (Јован 11:54). Но, бидејќи се ближела Пасхата во 33 год. од н.е., по кратко време Исус повторно тргнал на пат. Преку Самарија отишол на север во Галилеја, за последен пат пред да умре.

Кратко откако тргнал, додека одел од едно село до друго, Исус сретнал десет мажи што биле лепрозни. Лепрата може постепено да уништи некои делови од телото како, на пример, ткивата на прстите на рацете и нозете или, пак, на ушите (4. Мојсеева 12:10-12). Според Божјиот закон, оној што бил лепрозен требало да извикува „Нечист, нечист!“ и да живее одвоено од другите (3. Мојсеева 13:45, 46).

Затоа, десеттемина лепрозни стоеле подалеку од Исус. Но, гласно извикале: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ Кога ги видел, Исус им рекол: „Одете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17:13, 14). Со тоа Исус покажал дека го почитува Божјиот закон, според кој свештениците биле овластени да ги прогласат за чисти лепрозните кај кои болеста се повлекла. После тоа ќе можеле повторно да живеат меѓу здравите луѓе (3. Мојсеева 13:9-17).

Исус среќава десет лепрозни мажи

Десеттемина лепрозни верувале дека Исус има моќ да прави чуда. Затоа, брзо тргнале кај свештениците уште пред да бидат излекувани. Додека оделе по патот, нивната вера во Исус била наградена. Јасно можеле да видат и да почувствуваат како нивната болест се повлекува.

Деветмина од лепрозните што оздравеле продолжиле со својот пат. Но само еден, кој бил Самарјанин, се вратил за да го побара Исус. Што го поттикнало на тоа? Тој бил многу благодарен за она што Исус го направил за него. Овој човек ‚го славел Бог на сиот глас‘ затоа што сфатил дека Бог е тој што му го вратил здравјето (Лука 17:15). Кога го нашол Исус, паднал пред неговите нозе и му се заблагодарил.

На луѓето што биле таму Исус им рекол: „Зарем не се исчистија десетмина? Каде се тогаш останатите деветмина? Зарем не се врати ниту еден од нив за да му оддаде слава на Бог, освен овој човек од друг народ?“ Потоа Исус му рекол на Самарјанинот: „Стани и оди си! Твојата вера те оздраве“ (Лука 17:17-19).

Со тоа што ги излекувал десеттемина лепрозни, Исус покажал дека зад него стои Јехова Бог. Еден од нив не само што бил излекуван од својата болест туку добил и можност да живее вечно. Денес, Исус не ја користи моќта што му ја дава Бог за да нѐ лекува со чудо. Но, ако покажуваме вера во Исус, ќе добиеме прекрасна награда — вечен живот. Дали и ние, како Самарјанинот, покажуваме дека сме благодарни?

  • Каде отишол Исус за да ги осуети плановите на оние што сакале да го убијат?

  • Зошто лепрозните не му приоѓале на Исус, и зошто тој им рекол да отидат кај свештениците?

  • Што учиме од примерот на Самарјанинот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели