ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • th лекција 1 стр. 4
  • Добар вовед

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добар вовед
  • Посвети се на читањето и поучувањето
  • Сличен материјал
  • Вовед што побудува интерес
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се истакне практичната корист
    Посвети се на читањето и поучувањето
Посвети се на читањето и поучувањето
th лекција 1 стр. 4

ЛЕКЦИЈА 1

Добар вовед

Наведен стих

Дела 17:22

ЦЕЛ: Со воведот треба да ги заинтересираш другите. Освен тоа, треба да им помогнеш да сфатат за што ќе зборуваш и зошто тоа е важно за нив.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Побуди интерес кај другите. Постави прашање или спомни некоја вистинска случка, актуелен настан или нешто друго што ќе ги заинтересира оние што те слушаат.

    Практичен совет

    Однапред добро размисли, и прилагоди го воведот на она што ги интересира или ги загрижува твоите слушатели.

  • Помогни им да сфатат за што ќе зборуваш. Погрижи се од твојот вовед да може јасно да се види за што ќе зборуваш и со која цел.

  • Помогни им да разберат зошто она што ќе го кажеш е важно за нив. Прилагоди го воведот на потребите на оние што те слушаат. Тие треба јасно да сфатат како ќе им користи она што го зборуваш.

    Практичен совет

    Додека подготвуваш некој говор, прашај се: „Со што се соочуваат браќата и сестрите во моето собрание?“ Потоа смисли вовед што одговара на нивните потреби.

ВО СЛУЖБАТА

За да дознаеш што можеби го интересира станарот, забележи што прави во моментот, што има закачено на вратата или на ѕидовите, дали има деца и слично. Започни го разговорот така што ќе прашаш или ќе кажеш нешто во врска со тие работи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели