ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 38 стр. 215-стр. 219 пас. 4
  • Вовед што побудува интерес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вовед што побудува интерес
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Добар вовед
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Информативно за публиката
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Делотворно да се воведат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 38 стр. 215-стр. 219 пас. 4

СТУДИЈА 38

Вовед што побудува интерес

Што треба да правиш?

Во своите воведни реченици, кажи нешто умесно што ќе го привлече вниманието на публиката и директно ќе придонесе за да ја постигнеш целта.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Од твојот вовед може да зависи дали некои луѓе ќе слушаат и колку ќе внимаваат.

ВОВЕДОТ е пресуден дел на секој говор. Ако навистина побудиш интерес кај присутните, тие ќе бидат посклони внимателно да го слушаат она што следи. Во службата на теренот, доколку воведот не побуди интерес, можеби не ќе можеш да продолжиш со својата презентација. Кога држиш говор во Салата на Царството, присутните нема да си заминат, но ако не им го плениш интересот, поединци можат да почнат да размислуваат за други работи.

Кога го подготвуваш воведот, имај ги на ум следниве цели: 1) да го привлечеш вниманието на публиката, 2) јасно да ја наведеш својата тема и 3) да покажеш зошто темата е важна за публиката. Во некои случаи, овие три цели можат да се постигнат речиси истовремено. Меѓутоа, понекогаш може засебно да им се обрне внимание, а редоследот може да се разликува.

Како да го привлечеш вниманието на публиката. Фактот што луѓето се собрале да чујат еден говор не значи дека тие се готови да ѝ обрнат на темата неподелено внимание. Зошто? Животот им е исполнет со многу работи кои упорно го бараат нивното внимание. Можеби ги загрижува некој проблем дома или некоја друга тегобна животна грижа. Предизвикот со кој се соочуваш како говорник е: да го плениш и задржиш вниманието на публиката. Постои повеќе од еден начин да успееш во тоа.

Еден од најпрочуените говори што некогаш биле одржани е Проповедта на гората. Како започнала таа? Според извештајот на Лука, Исус рекол: „Среќни сте вие сиромасите . . . Среќни сте вие кои сега гладувате . . . Среќни сте вие кои сега плачете . . . Среќни сте кога луѓето ве мразат“ (Лука 6:20-22). Зошто побудило тоа интерес? Накратко, Исус спомнал некои од сериозните проблеми со кои неговите слушатели морале да се соочуваат. Потоа, наместо надолго и нашироко да дискутира за проблемите, покажал дека луѓето со такви проблеми сепак би можеле да бидат среќни, и тоа го сторил така, што ги навел своите слушатели да сакаат да чујат повеќе.

Прашањата можат делотворно да се користат за да се побуди интерес, но тие мораат да бидат соодветни. Доколку твоите прашања покажуваат дека ќе зборуваш само за работи што присутните претходно ги чуле, интересот може брзо да се намали. Не поставувај прашања што ги доведуваат присутните во непријатна положба или ги ставаат во лоша светлина. Наместо тоа, настојувај да ги изразиш тие прашања на начин што ќе поттикне на размислување. По секое прашање, направи кратка пауза, за слушателите да имаат време да формулираат одговор во мислите. Кога ќе добијат чувство дека учествуваат во умствен дијалог со тебе, веќе си го добил нивното внимание.

Употребата на некое вистинито искуство е еден друг начин да се плени вниманието. Но, ако само раскажеш некоја приказна, можеби нема да ја постигнеш целта доколку тоа искуство доведе некој присутен во непријатна состојба. Ако твојата приказна се запомни, но поуката што оди со неа се заборави, тогаш си ја промашил целта. Кога како вовед користиш некое искуство, тоа треба да го положи темелот за некој значаен аспект од главниот дел на твојот говор. Иако за да се оживее еден расказ можеби се потребни некои детали, внимавај да не ги направиш искуствата предолги.

Поединечни говорници започнуваат со некоја најнова вест, цитат од локален весник или изјава од некој признат авторитет. И тоа може да биде делотворно доколку вистински одговара на темата и е соодветно за публиката.

Ако твојот говор е дел од некој циклус или од Состанокот за служба, тогаш обично е најдобро твојот вовед да биде краток и директен. Ако имаш јавно предавање, држи се внимателно за времето предвидено за воведниот дел. Информациите што имаат најголема вредност за публиката ќе ги пренесе главниот дел на говорот.

Понекогаш можеби ќе се најдеш пред скептична, па дури и пред непријателски настроена публика. Како би можел да ги наведеш присутните да ти обрнат внимание? Стефан, ран христијанин, опишан како ,полн со дух и мудрост‘, бил присилно одведен пред еврејскиот Синедрион. Таму изнел една речовита одбрана на христијанството. Како започнал? На начин полн со почит и укажувајќи на нешто што било заемно прифатено. „Мажи, браќа и татковци, чујте. Богот на славата му се појави на нашиот прататко Авраам“ (Дела 6:3; 7:2). На Ареопагот во Атина, апостол Павле го приспособил својот вовед кон една многу поинаква публика, со зборовите: „Мажи атињани, гледам дека во сѐ вие некако повеќе се плашите од божествата отколку другите“ (Дела 17:22). Како резултат на делотворните воведи, публиката и во обата случаи била спремна да чуе повеќе.

Кога си во службата на теренот, треба исто така да го привлечеш вниманието на луѓето. Доколку твојата посета не е претходно договорена, станарот може да биде зафатен со други работи. Во некои делови на светот, од непоканетите посетители се очекува брзо да преминат на главното. На други места, обичајот бара извесни формалности пред да ја наведеш причината за твојата посета (Лука 10:5).

Како и да е, вистинскиот пријателски став може да помогне да се создаде атмосфера што придонесува за разговор. Честопати е корисно да се започне со нешто кое директно се однесува на она што е во нечии мисли. Како да одредиш што да употребиш? Па, кога си пристапил, дали лицето било зафатено со некаква активност? Можеби работи на нива, го средува земјиштето околу куќата, поправа автомобил, готви, пере или се грижи за децата. Дали гледало во нешто — во весник или во некоја активност на улица? Дали неговата околина одразува посебен интерес за рибарење, спорт, музика, патување, компјутери или нешто друго? Луѓето се честопати загрижени за она што неодамна го чуле на радио или го виделе на телевизија. Некое прашање или краток коментар за која и да е од овие работи може да води до пријателски разговор.

Ситуацијата кога Исус разговарал со една Самарјанка на бунар во близината на Сихар е извонреден пример за тоа како да се започне разговор со цел да се даде сведоштво (Јован 4:5-26).

Треба внимателно да го подготвиш воведот, особено ако твоето собрание често го обработува своето подрачје. Инаку, можеби не ќе можеш да дадеш сведоштво.

Наведи ја твојата тема. Во христијанското собрание, претседавачот или некој што бил пред тебе на програмата обично ќе го каже насловот на твојот говор и ќе те најави. Меѓутоа, можеби ќе биде корисно во текот на воведните забелешки да ги потсетиш присутните на темата. Ова може, но и не мора, да биде формална најава на насловот. Во секој случај, темата треба постепено да се разоткрива во текот на говорот. Во воведот треба вниманието на некој начин да го фокусираш на темата.

Кога ги испраќал своите ученици да проповедаат, Исус јасно ја идентификувал пораката што требало да ја пренесуваат. „Додека одите, проповедајте, велејќи: ,Се приближи небесното царство‘ “ (Мат. 10:7). Во врска со нашево време, Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана“ (Мат. 24:14). Ние сме поттикнати да ја ,проповедаме речта‘, односно да се држиме за Библијата кога сведочиме (2. Тим. 4:2). Но, пред да се отвори Библијата или да се насочи вниманието кон Царството, честопати е потребно да се наведе нешто што е од текушт интерес. Би можел да дадеш некој коментар за криминалот, невработеноста, неправдата, војните, за тоа како да им се помогне на младите, за болестите или смртта. Но, не задржувај се предолго на негативните работи; твојата порака е позитивна. Настојувај да го насочиш разговорот кон Божјата реч и кон надежта за Царството.

Покажи зошто темата е важна за твојата публика. Доколку треба да зборуваш во собранието, можеш да бидеш прилично сигурен дека присутните во глобала ќе бидат заинтересирани за она за кое дискутираш. Но, дали ќе слушаат исто како кога некој дознава нешто што дефинитивно го засега него? Дали ќе обрнат внимание бидејќи сфаќаат дека она што го слушаат одговара на нивната ситуација во животот и бидејќи во нив поттикнуваш желба да сторат нешто? Тоа ќе биде случај само ако, додека го подготвуваш говорот, внимателно размислиш за твоите слушатели — нивните околности, грижи, ставови. Ако си размислувал, тогаш во воведот вклучи нешто што ќе го покаже тоа.

Сеедно дали зборуваш од подиум или му сведочиш некому, еден од најдобрите начини да побудиш интерес за темата е да ги вклучиш присутните. Покажи како нивните проблеми, потреби или прашањата што им се во мислите се поврзани со темата за која дискутираш. Ако им ставиш до знаење дека нема да зборуваш само обопштено и дека ќе се зафатиш со конкретни аспекти, ќе те слушаат уште повнимателно. За да успееш во тоа, мораш добро да се подготвиш.

Начинот на кој го презентираш тоа. Она што ќе го кажеш во воведот има првенствена важност, но интерес може да побуди и како ќе го кажеш тоа. Од таа причина, твојата подготовка треба да го вклучува не само она што ќе го кажеш туку и како ќе го кажеш тоа.

Изборот на зборови е многу важен за да ја постигнеш таа цел, па затоа можеби ќе биде корисно доста внимателно да ги подготвиш првите две-три реченици. Обично се најдобри кратки, едноставни реченици. Кога станува збор за говор во собранието, можеби ќе сакаш нив да ги запишеш во своите забелешки или ќе избереш да ги запомниш за да можат твоите воведни зборови да го пренесат целиот ефект што го заслужуваат. Ако изнесеш делотворен вовед без брзање, ќе можеш да ја стекнеш сталоженоста потребна за да го одржиш остатокот од говорот.

Кога да го подготвиш. Мислењата во однос на ова се разликуваат. Некои искусни говорници сметаат дека подготовката на еден говор треба да започне со воведот. Други, кои студирале јавно говорништво, имаат мислење дека воведот треба да се подготви откако ќе се заврши со главниот дел.

Сигурно дека пред да ги разработиш деталите на еден пригоден вовед треба да ја знаеш твојата тема и кои главни точки планираш да ги развиеш. Но, што ако говорот го подготвуваш од готов нацрт? Откако ќе го прочиташ нацртот, доколку имаш идеја за воведот, сигурно нема да има никаква штета ако го запишеш. Запомни го и тоа дека, за да имаш делотворен вовед, мораш да ја земеш предвид публиката, како и материјалот во нацртот.

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Земи ги предвид слушателите — нивните околности, грижи, ставови, она што веќе го знаат за темата.

  • Одреди што ќе биде од посебен интерес во врска со твојата тема и ќе има вредност за публиката.

ВЕЖБИ: 1) Пред да учествуваш во службата од куќа до куќа, подготви вовед што ќе одговара и на пораката и на некој неодамнешен настан на твоето подрачје. 2) Разгледај го воведниот пасус во пет или шест статии на Стражарска кула и Разбудете се! Запрашај се што го прави делотворен секој вовед.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели