ЛЕКЦИЈА 3
Користење прашања
Матеј 16:13-16
ЦЕЛ: Поставувај промислени прашања за да го побудиш и задржиш интересот на оние што те слушаат, за да им помогнеш самите да дојдат до исправен заклучок и за да ги нагласиш важните мисли.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
Побуди го и задржи го интересот на слушателите. Поставувај реторички прашања за да поттикнеш интерес кај другите или да ги наведеш да размислуваат.
Образложи го она за кое зборуваш. Со помош на низа прашања, помогни им на слушателите да ја следат логиката на она што го кажуваш и да дојдат до исправен заклучок.
Нагласи ги главните мисли. Постави интересно прашање пред да наведеш некоја клучна мисла. А откако ќе обработиш некоја важна мисла или пред да го заклучиш своето излагање, користи прашања за повторување.