Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
2-8 МАРТ
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
it-1-E 604, пас. 5
Зошто Авраам можел да биде прогласен за праведен уште пред да умре Исус?
Бог го сметал Авраам за праведен поради неговата вера која била поткрепена со дела (Ри 4:20-22). Се разбира, ова не значи дека Авраам и другите верни Божји слуги кои живееле пред Христос биле совршени или безгрешни. Сепак, затоа што имале вера во ветувањето за „потомството“ кое го дал Јехова и затоа што се труделе да ги држат неговите заповеди, тој не ги ставил во ист кош со сите други луѓе во светот кои во негови очи се неправедни (1Мо 3:15; Пс 119:2, 3). Јехова покажува љубов кон нив така што не ги смета за виновни во споредба со светот кој е отуѓен од него (Пс 32:1, 2; Еф 2:12). Благодарение на нивната вера, Бог можел да соработува со такви несовршени луѓе и да ги благословува без истовремено да ги прекрши своите совршени мерила за правда (Пс 36:10). Сепак, тие Божји слуги сфаќале дека имаат потреба да бидат откупени од гревот и чекале да дојде времето кога Бог ќе го стори тоа (Пс 49:7-9; Ев 9:26).
16-22 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 25-26
„Исав го продал првородството“
it-1-E 1242
Јаков
Исав, кој му бил омилен син на Исак, бил вешт ловец со немирен дух. За разлика од него, за Јаков се вели дека бил „беспрекорен [хеб. tam] човек“ кој живеел во шатори. Тој водел мирен живот, и добро се грижел за стоката и за домашните работи. Ревека повеќе го сакала Јаков (1Мо 25:27, 28). На други места во Библијата, хебрејскиот збор tam се користи за луѓе кои Бог ги смета за свои пријатели. На пример, иако пишува дека „крвожедните луѓе ги мразат беспрекорните“, Јехова нѐ уверува дека „иднината на [непорочниот, односно беспрекорниот] ќе биде мирна“ (Из 29:10; Пс 37:37). За верниот Јов се вели дека бил „беспрекорен [хеб. tam] и праведен“ (Јов 1:1, 8; 2:3).
Најди духовни бисери
it-2-E 245, пас. 6
Лага
Иако злобните лаги се осудени во Библијата, тоа не значи дека сме должни да им откриваме вистинити информации на оние што немаат право да ги знаат. Исус Христос го дал следниов совет: „Не давајте им го на кучињата она што е свето и не фрлајте ги своите бисери пред свињи, за да не ги изгазат под нозете, па да се свртат и да ве растргнат“ (Мт 7:6). Затоа во некои прилики Исус не кажувал сѐ или не одговарал директно на одредени прашања кога знаел дека со тоа би можел да нанесе штета (Мт 15:1-6; 21:23-27; Јвн 7:3-10). Очигледно, Авраам, Исак, Раав и Елисеј постапиле на сличен начин кога ги навеле на погрешен заклучок или, пак, не им дале целосни информации на луѓе што не му служеле на Јехова (1Мо 12:10-19; погл. 20; 26:1-10; ИсН 2:1-6; Јк 2:25; 2Ца 6:11-23).
30 МАРТ — 5 АПРИЛ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 29-30
Најди духовни бисери
it-1-E 50
Посвојување
И Рахела и Лија ги сметале како свои деца синовите што нивните слугинки му ги родиле на Јаков (1Мо 30:3-8, 12, 13, 24). Овие деца добиле наследство заедно со другите деца кои ги родиле законските жени на Јаков. Бидејќи тие биле негови родени синови, а слугинките им припаѓале на Рахела и Лија, и децата законски им припаѓале ним.