ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Април стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, април 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, април 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 13-19 АПРИЛ
  • 20-26 АПРИЛ
  • 27 АПРИЛ — 3 МАЈ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Април стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

13-19 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 31

„Јаков и Лаван склучиле сојуз за мир“

it-1-E 883, пас. 1

Галед

Откако мирољубиво го расчистиле меѓусебниот спор, Јаков и Лаван склучиле сојуз. Како знак на тој сојуз, Јаков зел еден голем камен и го поставил како столб. Потоа им рекол на своите „браќа“ да соберат камења и да направат грамада од нив. Можеби тие ги наредиле во форма на трпеза, на која јаделе во таа прилика. Потоа Лаван го нарекол тоа место на арамејски (сириски) „Јегар-Сахадута“, а Јаков му го дал хебрејскиот назив „Галед“. И двата израза значат „куп сведоштво“. Лаван рекол: „Оваа грамада [хеб. gal] е денес сведок [хеб. edh] помеѓу мене и тебе“ (1Мо 31:44-48). Грамадата камења (како и столбот што го поставил Јаков) служеле како сведоштво за сите минувачи. Тие биле, како што вели стих 49, „Стражарска кула [хеб. mitspah]“, која служела како сведоштво дека Јаков и Лаван склучиле договор тие и нивните семејства да бидат во мир (1Мо 31:50-53). Подоцна, луѓето и во други прилики користеле камења како неми сведоци на некој настан (ИсН 4:4-7; 24:25-27).

it-2-E 1172

Стражарска кула

Јаков насобрал камења и направил една грамада, која ја нарекол „Галед“ (што значи „куп сведоштво“) и „Стражарска кула“. Потоа Лаван рекол: „Јехова нека чува стража помеѓу мене и тебе кога нема да се гледаме еден со друг“ (1Мо 31:45-49). Оваа грамада камења ќе била сведок дека Јехова „чува стража“ за да види дали Јаков и Лаван ќе го одржат сојузот за мир.

20-26 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 32-33

„Дали се бориш за благослов?“

it-2-E 190

Накривнување

Јаков кривел на едната нога. Кога имал 97 години, Јаков се борел цела ноќ со Божји ангел, кој му се појавил во човечки облик. Јаков успеал да го задржи ангелот сѐ додека тој не го благословил. Додека се бореле, ангелот го допрел кај колкот и му го исчашил. Како резултат на тоа, Јаков кривел на едната нога до крајот на животот (1Мо 32:24-32; Ос 12:2-4). Ова секогаш го потсетувало дека тој, всушност, не го победил моќниот Божји ангел, иако ангелот му рекол дека се борел „со Бог [Божји ангел] и со луѓето“ и ги надвладеал. Едноставно Јехова сакал да се бори со ангелот и го дозволил тоа за Јаков да докаже дека навистина сфаќа колку му е неопходен Божјиот благослов.

it-1-E 1228

Израел

1. Кога Јаков имал 97 години, Бог му го дал името Израел. Ноќта кога го преминал потокот Јавок за да се сретне со својот брат Исав, Јаков почнал да се бори со некој што, всушност, бил ангел. Бидејќи Јаков истрајно се борел со овој ангел, Бог му го сменил името во Израел. Тоа било знак дека му го дал својот благослов. Во спомен на овој настан, Јаков го нарекол местото Фануил (1Мо 32:22-31). Подоцна, кога Јаков бил во Ветил, Бог потврдил дека неговото ново име е Израел. Оттогаш па до крајот на животот, тој често бил ословуван со тоа име (1Мо 35:10, 15; 50:2; 1Ле 1:34). Иако името Израел се појавува повеќе од 2.500 пати во Библијата, во повеќето случаи се однесува на израелскиот народ кој потекнал од Јаков (2Мо 5:1, 2).

Најди духовни бисери

it-1-E 980

Бог, Богот на Израел

Откако се борел со Јеховин ангел кај местото Фануил, Јаков го добил името Израел. По мирната средба со својот брат Исав, тој живеел прво во Сокот, а потоа во Сихем, каде што купил парче земја од синовите на Емор и го распнал својот шатор на неа (1Мо 32:24-30; 33:1-4, 17-19). „И таму подигна жртвеник и го нарече ’Бог, Богот на Израел‘“ (1Мо 33:20). Со тоа што му го дал ова име на жртвеникот, Јаков покажал дека го прифаќа и дека го цени своето ново име — Израел — и дека е благодарен што Бог го вратил безбедно во земјата која му ја ветил на Авраам. Изразот „Бог, Богот на Израел“ се појавува само на едно место во Библијата.

27 АПРИЛ — 3 МАЈ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 34-35

Најди духовни бисери

it-1-E 600, пас. 4

Девора

1. Доилката на Ревека. Ревека ја зела со себе Девора кога си заминала од домот на својот татко Ветуил за да се пресели во Филистеја и да се омажи за Исак (1Мо 24:59). Откако со години служела во домот на Исак, Девора продолжила да служи во домот на Јаков, можеби откако починала Ревека. Најверојатно околу 125 години откако Ревека се омажила за Исак, Девора умрела и била погребана под едно огромно дрво во Ветил. Името што му го дале на дрвото (Алон-Вакут, што значи „големото стебло на плачот“) покажува колку многу Јаков и неговото семејство ја сакале Девора (1Мо 35:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели