ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Мај стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, мај 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, мај 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 4-10 МАЈ
  • 11-17 МАЈ
  • 25-31 МАЈ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Мај стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

4-10 МАЈ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 36-37

Најди духовни бисери

it-1-Е 678

Едом

Едом било друго име за Исав, кој му бил брат близнак на Јаков (1Мо 36:1). Тој го добил ова име затоа што си го продал правото на првородство за чорба од црвена леќа (1Мо 25:30-34). Освен тоа, интересно е што Исав бил многу црвен кога се родил (1Мо 25:25), а црвеникава боја имале и одредени делови од земјата каде што подоцна се населиле тој и неговите потомци.

it-1-Е 561-562

Кога некој се нафаќал да чува нечии овци или друга стока, прифаќал законска одговорност да се грижи за тие животни. Тој му гарантирал на сопственикот дека ќе ги храни и ќе пази да не бидат украдени и дека, во спротивно, ќе плати надомест за нив. Сепак, ова не важело апсолутно за секоја ситуација. Според овој закон, тој немало да биде повикан на одговорност ако се случело нешто што било вон негова контрола, како во случај некое животно да биде нападнато од ѕверови. Но, за да биде ослободен од одговорност, морал да му даде доказ на сопственикот, на пример, да му го донесе растргнатото животно. Откако ќе го прегледал доказот, сопственикот требало да го прогласи чуварот на неговата стока за невин.

Истото начело важело за каков и да било имот што бил даден на чување. Дури и во семејствата, на пример, најстариот брат имал законска одговорност да се грижи за своите помали браќа и сестри. Затоа е разбирливо што Рувим, како најстар син, бил загрижен за животот на Јосиф кога неговите браќа се договарале да го убијат, како што е запишано во 1. Мојсеева 37:18-30. Тој им рекол: „Да не ја убиваме неговата душа!.. Не пролевајте крв!.. Не кревајте рака на него!“ Рувим имал намера да го избави од нивните раце и да го врати кај татко им. Но, кога сфатил дека Јосиф го нема, тој толку се потресол што си ја раскинал облеката и извикал: „Го нема детето! За каде сум сега јас?“ Рувим знаел дека може да биде повикан на одговорност затоа што Јосиф повеќе го немало. За да не сносат одговорност, браќата постапиле лукаво. Ја натопиле облеката на Јосиф во крвта на јарец за да изгледа дека бил растргнат од ѕвер. Потоа му го испратиле овој лажен доказ на татко им Јаков, кој имал и улога на судија во семејството. Тој го ослободил Рувим од одговорност бидејќи, на темел на крвавата облека на Јосиф што неговите синови му ја приложиле како доказ, Јаков заклучил дека неговиот сакан син бил растргнат (1Мо 37:31-33).

11-17 МАЈ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 38-39

Најди духовни бисери

it-2-Е 555

Онан

Онан бил вториот син што Јуда го имал со ќерката на Ханаанецот Шуја (1Мо 38:2-4; 1Ле 2:3). Јехова го погубил неговиот постар брат, Ир, кој немал деца, бидејќи го правел она што е лошо во Негови очи. Потоа Јуда му рекол на Онан да склучи деверски брак со Тамара, вдовицата на Ир. Ако им се родел син, тој немало да ја продолжи семејната лоза на Онан, туку лозата на брат му. Освен тоа, наследството што го добивал првородениот ќе му припаднело на тој син, како наследник на Ир. Но, ако не им се родел син, наследството ќе му припаднело на Онан. Во врска со него, Библијата вели: „Кога имаше односи со жената на својот брат, го истураше семето наземи за да не му даде потомство на својот брат“. Очигледно овде не станува збор за мастурбација, туку за прекинат полов однос. Онан постапувал така бидејќи не сакал Тамара да забремени од него. Според тоа, Јехова не го погубил затоа што мастурбирал, туку затоа што не го послушал својот татко, бил лаком и не си ја исполнил должноста во поврзаност со деверскиот брак (1Мо 38:6-10; 46:12; 4Мо 26:19).

25-31 МАЈ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 42-43

Најди духовни бисери

it-2-Е 795

Рувим

Можело да се види дека Рувим има некои убави особини кога ги убедил своите девет браќа да го фрлат Јосиф во една исушена јама наместо да го убијат. Рувим имал намера скришум да се врати и да го извади Јосиф од јамата (1Мо 37:18-30). Повеќе од 20 години подоцна, кога сите отишле во Египет и биле обвинети дека се шпиони, неговите браќа заклучиле дека ги стигнува казна затоа што постапиле лошо со Јосиф. Но, Рувим ги потсетил дека тој немал удел во нивната завера да го убијат Јосиф (1Мо 42:9-14, 21, 22). Освен тоа, кога Јаков одбил да го пушти Венијамин со нив за да одат по втор пат во Египет, Рувим бил тој што ги понудил своите два сина како гаранција дека ќе го врати, велејќи: „Убиј ги моите два сина ако не ти го доведам [Венијамин] назад“ (1Мо 42:37).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели