ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Јуни стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јуни 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јуни 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 8-14 ЈУНИ
  • 15-21 ЈУНИ
  • 22-28 ЈУНИ
  • 29 ЈУНИ — 5 ЈУЛИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Јуни стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

8-14 ЈУНИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 46-47

„Помош во време на глад“

w87 1/9 11, пас. 2

Спас во време на глад

2 Откако поминале седумте години на изобилство, започнал гладот што го прорекол Јехова — глад што го зафатил не само Египет туку и „целата земја“. Кога изгладнетиот народ во Египет почнал да го преколнува фараонот за леб, тој рекол: „Одете кај Јосиф! И што ќе ви рече, тоа направете го!“ Јосиф им продавал жито на Египќаните сѐ додека имале пари. Потоа почнале да му ја даваат својата стока во замена за храна. На крајот дошле кај него и му рекле: „Купи нѐ и нас и нашата земја за леб, а ние ќе му бидеме робови на фараонот заедно со нашата земја!“ Така Јосиф ја купил од Египќаните сета земја за фараонот (1. Мојсеева 41:53-57; 47:13-20).

Најди духовни бисери

it-1-Е 220, пас. 1

Кога некој ќе му ги затворел очите на починатиот. Јехова му рекол на Јаков: „Јосиф со своја рака ќе ти ги затвори очите“ (1Мо 46:4). Тоа значело дека Јосиф ќе му ги заклопи очите на својот татко кога тој ќе починел, нешто за кое обично бил задолжен првородениот син. По сѐ изгледа, со ова Јехова му посочил на Јаков дека правото на првородство треба да го добие Јосиф (1Ле 5:2).

nwtsty белешка за Де 7:14

вкупно седумдесет и пет души: Можеби Стефан не цитирал некој конкретен стих од Хебрејските списи кога рекол дека во Египет се населиле вкупно 75 членови од домот на Јаков. Оваа бројка не се појавува во масоретскиот текст на Хебрејските списи. Во 1Мо 46:26 пишува: „Сите души, кои дојдоа со Јаков во Египет, потекнаа од него, не сметајќи ги жените на Јакововите синови. Беа вкупно шеесет и шест души“. Во стих 27 се вели: „Сите од домот на Јаков што дојдоа во Египет беа седумдесет души“. Овде членовите на домот на Јаков се избројани на два различни начина. Во првата бројка очигледно се вклучени само оние што потекнале од Јаков и дошле во Египет заедно со него, а втората се однесува на вкупниот број членови што се населиле во Египет. Бројот на потомци на Јаков е спомнат и во 2Мо 1:5 и во 5Мо 10:22, каде што е наведена бројката „70“. Очигледно Стефан наведува трета бројка во која се вклучени уште некои лица од поширокото семејство на Јаков. Некои сметаат дека тука се вброени и синовите и внуците на Манасија и Ефрем, кои му биле синови на Јосиф. Тие се спомнуваат по име во 1Мо 46:20 во преводот Септуагинта. Други сметаат дека во таа бројка се вклучени жените на синовите на Јаков, кои не се спомнати во бројот наведен во 1Мо 46:26. Според тоа, можеби „75“ е вкупен број. Оваа бројка можеби му била позната на Стефан од примероците на Хебрејските списи кои постоеле во првиот век од н.е. Истражувачите со години знаеле дека бројот „75“ стоел во 1Мо 46:27 и 2Мо 1:5 во грчката Септуагинта. Освен тоа, во 20 век биле пронајдени два фрагмента од свитоците кај Мртвото Море кои го содржат стихот од 2Мо 1:5, и таму исто така стои бројот „75“. Можно е бројката што ја кажал Стефан да се темели на тие древни записи. Без разлика кој од овие заклучоци е точен, бројот што го навел Стефан едноставно е уште еден начин на кој можеле да се пребројат сите потомци на Јаков.

15-21 ЈУНИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 48-50

„Постарите имаат многу да ни кажат“

it-1-Е 1246, пас. 8

Јаков

Кратко пред да умре, Јаков ги благословил своите внуци, синовите на Јосиф. Притоа, воден од Бог, тој му дал предност на помалиот внук, Ефрем, во однос на постариот, Манасија. А потоа му го рекол следново на Јосиф, кој во улога на првороден требало да добие двојно поголемо наследство: „А јас тебе ти давам еден дел од земјата повеќе отколку на твоите браќа, дел што го зедов од рацете на Аморејците со својот меч и со својот лак“ (1Мо 48:1-22; 1Ле 5:1). Но, всушност, Јаков не го одзел со сила парчето земја што го поседувал во близина на Сихем, туку го купил од синовите на Емор (1Мо 33:19, 20). Според тоа, се чини дека со ова ветување тој покажал вера зборувајќи пророчки за идното освојување на Ханаан од страна на неговите потомци како да е нешто што самиот веќе го направил со својот сопствен меч и лак. Двојниот дел за Јосиф се состоел од двата дела кои ги добиле племињата на Ефрем и на Манасија.

it-2-Е 206, пас. 1

Последни денови

Пророштво што Јаков го дал на својата смртна постела. Кога им рекол на своите синови: „Соберете се да ви кажам што ќе ви се случи на крајот“ или „во последните денови“, Јаков зборувал за едно време во иднина кога ќе почнеле да се исполнуваат неговите пророчки зборови (1Мо 49:1, фус.). Повеќе од два века пред тоа, Јехова му кажал на неговиот дедо Аврам (Авраам) дека неговите потомци ќе бидат угнетувани 400 години (1Мо 15:13). Според тоа, во овој случај, тоа идно време кое Јаков го нарекол „последните денови“ не можело да почне сѐ додека не завршеле тие 400 години ропство. Ова пророштво подоцна требало да се исполни и на духовниот Израел Божји (Га 6:16; Ри 9:6).

22-28 ЈУНИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 1-3

Најди духовни бисери

g04-Е 8/4 6, пас. 5

Мојсеј — вистинска или измислена личност?

Зарем не е тешко да се поверува дека некоја египетска принцеза би зела кај себе едно такво дете? Не, бидејќи египетската религија поучувала дека добрите дела се услов за некој да оди на небо. А во врска со самото посвојување, археологот Џојс Тилдзли вели: „Жените во Египет биле рамноправни со мажите. Имале исти законски и економски права, барем теоретски... и можеле да посвојат некого“. Всушност, еден древен документ напишан на папирус потврдува дека една Египќанка ги посвоила своите робови. А во врска со делот од библискиот извештај во кој се вели дека ќерката на фараонот ја најмила мајка му на Мојсеј како доилка, во една книга се вели: „Тоа што биолошката мајка на Мојсеј била платена за да го дои... потсетува на договорите за посвојување од Месопотамија во кои се спомнува ист таков обичај“ (The Anchor Bible Dictionary).

29 ЈУНИ — 5 ЈУЛИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 4-5

Најди духовни бисери

it-2-Е 12, пас. 5

Јехова

Да „знаеш“ некого не значи само да си запознат со него, односно да си свесен дека постои. Безумниот Навал го знаел Давид по име, а сепак прашал: „Кој е тој Давид?“ Со други зборови, како да рекол: „Што се замислува тој!?“ (1Са 25:9-11; спореди со 2Са 8:13). Слично на тоа, и фараонот му кажал на Мојсеј: „Кој е Јехова, па да го послушам неговиот глас и да го пуштам Израел? Јас не го познавам тој Јехова и нема да го пуштам Израел“ (2Мо 5:1, 2). Со тоа очигледно сакал да каже дека не го признава Јехова како вистински Бог ниту, пак, признава дека Тој има моќ над него како цар на Египет и над она што се случува во неговата земја. Освен тоа, фараонот не сакал да признае дека Јехова има моќ да ја спроведе својата волја како што објавил преку Мојсеј и Арон. Но, фараонот и целиот Египет, вклучувајќи ги и Израелците, ќе го дознаеле вистинското значење на името Јехова, односно ќе сфателе кој е тој што стои зад тоа име. Како? Јехова му кажал на Мојсеј дека сите тие ќе разберат кој е тој кога ќе ги ослободи Израелците од ропството и ќе им ја даде Ветената земја, исполнувајќи ја на тој начин својата намера со нив во склад со ветувањето што им го дал на нивните прататковци. Во таа смисла Бог му кажал на Мојсеј: „Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог“ (2Мо 6:4-8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели