Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
10-16 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 15-16
„Фали го Јехова со песна“
it-2-E 454, пас. 1
Музика
Голем дел од групното пеење во Израел изгледа било антифонално, а тоа е кога во една песна наизменично пеат два хора или, пак, солист и хор. Во Библијата се укажува на тој начин на пеење кога на некои места се користи глаголот „одговара“ (2Мо 15:21; 1Са 18:6, 7). Од начинот како се напишани некои псалми, како на пример, Псалм 136, може да се заклучи дека тие се пееле антифонално. Описот на двата големи хора кои во времето на Неемија пееле благодарни песни при посветувањето на ѕидот околу Ерусалим укажува дека тие пееле на ваков начин (Не 12:31, 38, 40-42).
it-2-E 698
Пророчица
Маријам е првата жена која во Библијата се спомнува како пророчица. Очигледно, Бог преку неа пренел една или повеќе пораки, и тоа можеби го направил така што ја вдахнал да ги пренесе неговите зборови преку песна (2Мо 15:20, 21). Затоа, таа и Арон можеле да му кажат на Мојсеј: „Не зборува ли [Јехова] и преку нас?“ (4Мо 12:2). А и самиот Јехова, преку пророкот Михеј рекол дека ги испратил „Мојсеј, Арон и Маријам“ пред Израелците кога ги изведувал од Египет (Мх 6:4). Иако Маријам имала чест Јехова преку неа да ги пренесе своите зборови, сепак во тој поглед таа била во подредена положба во однос на нејзиниот брат Мојсеј. Кога ги пречекорила своите овластувања, таа добила строга казна од Бог (4Мо 12:1-15).
17-23 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 17-18
Најди духовни бисери
it-1-E 406
Канон
На темел на она што е запишано во Мојсеевите списи, нема сомнение дека тие се вдахновени, дека се канонски и дека даваат исправно водство како да се обожава вистинскиот Бог. Мојсеј не им станал водач и заповедник на Израелците по своја иницијатива; на почетокот тој не сакал да ја прифати таа задача (2Мо 3:10, 11; 4:10-14). Бог му ја доверил таа задача и му дал моќ да прави чуда. Затоа, дури и свештениците на фараонот кои се занимавале со магија морале да признаат дека позади чудата на Мојсеј стои Бог (2Мо 4:1-9; 8:16-19). Значи, Мојсеј немал амбиција да стане говорник и писател. Напротив, од послушност кон Бог и под водство на светиот дух тој бил поттикнат првин да го каже, а потоа и да го запише сето она што се наоѓа во неговите списи, кои се дел од Божјата вдахновена Реч (2Мо 17:14).
24-30 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 19-20
„Зошто Десетте заповеди се важни за нас?“
w89-E 15/11 6, пас. 1
Од какво значење се за нас Десетте заповеди?
Првите четири заповеди истакнуваат како треба да го обожаваме Јехова. (Првата) Тој е Бог кој очекува да му бидеме оддадени само нему (Матеј 4:10). (Втората) Неговите слуги не смеат да обожаваат идоли (1. Јованово 5:21). (Третата) Божјето име треба секогаш да го користиме на исправен начин и со почит (Јован 17:26; Римјаните 10:13). (Четвртата) Најважни во животот треба да ни бидат духовните работи. Ова ни помага да си „отпочинеме“ од нашите дела, односно да престанеме да се трудиме да ја заслужиме Јеховината милост преку делата (Евреите 4:9, 10).
w89-E 15/11 6, пас. 2-3
Од какво значење се за нас Десетте заповеди?
(Петтата) Послушноста на децата кон родителите е многу важна за семејството да биде обединето и да има благослов од Јехова. Ова е „првата заповед проследена со ветување“ и дава прекрасна надеж. На децата кои се послушни на оваа заповед, ќе им „биде добро“ и ќе можат да живеат „долго на земјата“ (Ефешаните 6:1-3). Бидејќи живееме во „последните денови“ на овој злобен свет, младите кои се послушни на оваа заповед имаат можност никогаш да не умрат (2. Тимотеј 3:1; Јован 11:26).
Ако имаме љубов кон ближниот, нема да правиме зли дела, како на пример, (шестата) да убиваме, (седмата) да вршиме прељуба, (осмата) да крадеме и (деветтата) да кажуваме лаги за другите (1. Јованово 3:10-12; Евреите 13:4; Ефешаните 4:28; Матеј 5:37; Изреки 6:16-19). Но, што е со нашите мотиви? Последната (десеттата) заповед, која забранува да посакуваме нешто што му припаѓа на некој друг, нѐ потсетува дека Јехова очекува во нашето срце секогаш да имаме добри намери (Изреки 21:2).
31 АВГУСТ — 6 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 21-22
Најди духовни бисери
it-1-E 1143
Рог
Она што е запишано во 2. Мојсеева 21:14 може да значи дека дури и свештеник кој убил некого ќе бил погубен. А може да значи и дека оној што намерно убил некого ќе бил погубен, дури и ако се фатил за роговите на жртвеникот (Спореди со 1Ца 2:28-34).